12 трикови кои шанкерите ги користат за да потрошиме повеќе од потребното
Фините шанкери кои ни нудат бесплатни коктели и грицки, секогаш ни се чинат искрени. Но, најверојатно само користат трикови за да ја добијат нашата доверба. Еве кои 12 неверојатни трикови ги прват шанкерите вистински волшебници на измамата!
1. Натопување наместо сипење алкохол
Пред да послужи коктел, шанкерот ги натопува рабовите на чашата со помош на сунѓер кој претходно бил потопен во алкохол. Потоа додава многу коцки лед, сок и истура неколку капки џин. Така, кога пиете алкохол, всушност го мирисате силниот алкохол на работ од чашата, но не и од пијалокот.
2. Сад за (не) мерење
Сите го имаме забележано малиот метален сад кој шанкерите го користат за мерење на алкохолот кој треба да го стават во пијалокот. Но, многу малку луѓе знаат дека всушност некои шанкери ставаат мал метален диск на дното од садот и на тој начин заштедуваат дури 40% алкохол.
3. Инка за налевање алкохол
Металната инка која се прикачува на врвот на шишињата, не е само создадена да им го олесни животот на шанкерите, туку и да создаде лажен визуелен ефект дека истите многу повеќе алкохол налеваат во чашата, а всушност количината е иста, само времетраењето е подолго, поради побавното минување на алкохолот низ инката.
4. Сè се врти околу сламката
Вештите и искусни шанкери ставаат алкохол во сламката за пиење или пак ја држат во алкохол претходно. Па така, при првата голтка од коктелот, мислите дека алкохолот е доста силен, иако всушност не содржи многу алкохол.
5. Бесплатни грицки
Шанкерите вообичаено ќе понудат на клиентите бесплатни грицки како чипс или кикирики, а нивната сол ќе ве натера да пиете повеќе, па така најверојатно ќе порачате уште повеќе коктели.
6. Различни пропорции
Шанкерите користат и друг метод за да ја добијат вашата доверба. Така на пример, ќе додадат помалку сок во коктелот и истиот ќе ви се чини посилен, иако количината на алкохол не се променила.
7. Пробајте, не избирајте со очите
Наједноставниот трик што го користат сите шанкери и сопственици на барови, е тоа што го ставаат обичниот евтин алкохол во некое луксузно, поскапо шише. Затоа, користете ги вашите инстинкти и пробајте го пијалокот. Ако нешто ви се чини дека не е во ред, вратете го истиот назад.
8. Различен дизајн на чашите
Искусните шанкери ги преферираат потемните или чашите со матирачко стакло и здебелено дно, кои ќе го натераат потрошувачот да мисли дека има повеќе течност во неговата чаша, одколку што всушност има.
9. Додаваат вода
Сте приметиле ли колку многу лед останува по испиениот пијалок? За да го спречат ледот од пребрзо топење, некои келнери додаваат ладна вода во коктелите. Во ладна вода, ледот многу побавно се топи.
10. Специјална нарачка
Ако сакате да го порачате вашиот омилен коктел, но го нема на менито, шанкерот сепак може да го приготви. По нивно правило, скап алкохол нема да биде употребен, но коктелот ќе ви биде наплатен како да е.
11. Повеќе пена
Нечесните шанкери може да налеат помалку пиво одколку што е предвидено, а поголемата пена да ја постигнат со помош на блендер. Кога ќе стивне пената, ќе забележите колку всушност пиво има во вашата чаша.
12. Пијалоци направени од воздух
Шанкерите се навистина креативни луѓе и понекогаш, некои од нив, измислуваат неверојатни коктели и така се стекнуваат со светска слава. Но, некои од нив измислуваат нови методи на приготвување елитни пијалоци, користејќи евтин алкохол. Така, „коњак“ може да се направи од мешање на вотка, бибер и силен чај, додека пак „шампањ“ прават од евтино вино и машина за создавање на меурчињата.