12 видови храна кои строго треба да ги избегнувате, доколку не сакате да имате затнати артерии
Кога станува збор за здравјето, веќе знаете дека не треба да јадете нездрава храна и многу грицки, но всушност менито е малку покомплицирано од тоа. Дури и состојките кои сте ги мислеле за здрави, сепак даваат спротивни резултати.
Во продолжение откријте за кои 12 видови на храна станува збор + бонус совет како да знаете дали вашите артерии се затнати:
1. Црвено месо
Црвеното месо, кое се однесува на месото во црвена боја и кое е неприготвено, како говедско или јагнешко, не се најдобриот избор за вашето срце. Истражување покажало дека луѓето кои повеќе консумираат црвено месо, во крвта имаат високо ниво на триметаламин Н- оксид, хемиска супстанца која предизвикува срцеви болести, како и срцев удар.
2. Конзервирани зеленчуци и супи
Конзервираните супи и конзервираните зеленчуци ни се чинат како одличен додаток во нашите диети. Но, тие често содржат големи количества на сол, особено ако доаѓаат во сос. Премногу сол го покачува крвниот притисок, со што се намалува и количеството на кислород кое оди до срцето, што може да резултира со срцев удар.
3. Замрзнати јадења
Замрзнатите оброци се секогаш нешто пристапно, лесно и брзо за подготовка, а тоа за повеќето луѓе кои немаат многу време, е супер идеја. Но меѓутоа, замрзнатите јадења содржат високо ниво на натриум. Препорачаното количество за дневен внес на натриум е 2.000 милиграми за еден човек, а толку содржи и еден замрзнат оброк.
4. Сувомеснато
Сувомеснатото е преработено месо, на кое му е додадено многу сол и конзерванси, кои предизвикуваат покачување на холестеролот, чие ниво доколку стане претерано високо, може да резултира со срцев удар.
5. Крем за кафе
Специјалните креми наменети за создавање погуста текстура на кафето содржат трансмасти и хидрогенски масла, кои го зголемуваат нивото на лошиот холестерол. Доколку не го сакате вашето кафе чисто црно, тогаш изберете обично млеко, наместо ваквите кремови.
6. Печени десерти
Десертите секако треба да се консумираат во ограничени количини, но конкретно печените десерти, како разните слатки пити претставуваат проблем за срцето, поради нивниот состав кој содржи трансмасти. А содржат и големо количесто на шеќер, што дополнително би го хранел стресот.
7. Сладолед
Сладоледите често содржат високо ниво на холестерол. Половина шолја сладолед од ванила содржи повеќе од 4 грама заситени масти. А тоа е повеќе од препорачанта доза за една возрасна личност.
8. Пржена храна
Пржената храна е општо лоша за вашето здравје, бидејќи процесот на пржење создава високо количество на трансмасти. Затоа подобра алтернатива е истата храна, но во печена или варена форма да ја консумирате.
9. Газирани сокови
Едно истражување открило дека редовното пиење на газирани сокови кои се премногу засладени со шеќери, го зголемуваат ризикот од појава на срцеви болести. А истото се однесува и на диеталните газирани сокови, кои пак на вештачки процесиран начин се исто така засладени.
10. Макарони и кашкавал
Оваа комбинција е еднаква на високо ниво на заситени масти и сол, како и голем број на калории. Приготвувајте ги тестенините на поздрав начин, со вклучен зеленчук.
11. Црн дроб
Дури и храната од која имате здравствени придобивки, може да биде штетна за вашите артерии. Црниот дроб содржи високо количество на железо, кое може лесно да го зголеми нивото на лошиот холестерол. Притоа, една порција црн дроб содржи големо количество на заситени масти, а доколку пак, се приготвува со пржење, тогаш уште толку е зголемен ризикот од срцеви болести.
12. Урда
Ако некоја храна не е солена и неутрална на вкус, тоа не значи дека има ниско ниво на натриум. Сосема спротивно, урдата која е таков вид на храна, содржи високо ниво на натриум, кое го зголемува крвниот притисок.
Бонус: Како да знам дали моите артерии се затнати?
Без разлика на возраста, може да имате и 20 години и пак, артериите да ви се затнати. А еве кои се чести симптоми за тој здравствен проблем:
- Ангина или болка во градите
- Болки во долниот дел од грбот
- Замор и кратки прекинувања при дишењето