13 еколошки изуми за нашиот дом, кои уште денес треба да почнеме да ги користиме!
Вистината е дека се потребни две планети за да ги задоволат човечките потреби од ресурси. Но, имаме само една планета, а во продолжение погледнете галерија од изуми измислени од креативни луѓе за рационално користење и спасување на Земјата, но и на нашите животи!
1. „Сламка за живот“- Загадената вода ја филтрира во чиста за пиење
Овој изум им овозможува живот на милионите луѓе што живеат во тешка сиромаштија, да пијат вода без страв дека ќе се заразат со бактерии и болести.
2. Лампа што одгледува растенија
Ова е целосно свој екосистем, кој самиот си помага. Фотосинтезата е иста како и во природата, лампата им дава светлина, а вода не им треба, бидејќи таа кружи во затворениот сад и тие се секогаш влажни.
3. Топка што произведува светлина
Оваа топка претставува преносен генератор на светлина кој истата ја акумулира додека луѓето играат со неа надвор на Сонцето.
4. Еко-јајце врз база на минерали за перење на облеката
Повеќе трае од самите детергенти, со ова јајце нема да биде ништо друго потребно за перење на облеката.
5. Охо- вода што може да ја јадете
Изум направен од екстракт од морска трева, а се бори против употребата на пластични шишиња.
7. Шал кој го филтрира загадениот воздух
Шалот е совршен за жителите во поголемите загадени градови, а штити од загаден воздух, алергени и бактерии.
8. Корална топка која го отстранува микрофиберот од облеката
Успешно се бори против загаденоста настаната од перењето на облеката, со тоа што ги уништува малите пластични партикули.
9. Пињатекс- Природен текстил направен од лист од ананас
Природна алтернатива за заштита од вештачките материјали.
10. Солената лампа- лампа која работи на вода и сол
Уред на кој му е потребно само чаша вода и 2 лажици сол за да работи цел ноќ.
11. Тришула- Прибор за јадење кој всушност може да го јадете
Приборот е направен на база на природни состојки.
12. Дуеака- Еко чешма
Направена од рециклирачки материјали.
13. Бирксан- ранец кој ги полни батериите на вашиот телефон
Ранецот исто така е водоотпорен и погоден за надворешни активности како планинарење.