13-годишно момче си отвори своја слаткарница за една извонредна цел
Мајкл Плат живее во Вашингтон. Тој приготвувањето десерти го засакал уште од дете, а кога наполни 11 години, реши да биде поамбициозен со оваа негова страст и хоби.
13-годишното момче ја основа слаткарницата позната како „Десертите на Мајкл“, која се раководи според т.н бизнис модел „еден за еден“, односно за секоја торта, десерт или колаче што го продава, Мајкл добиените финансиски средства ги донира за бездомниците.
Мајкл бил инспириран од компанијата Томс, која исто така користи модел еден-за-еден – за секој пар чевли што тие ги продаваат, тие донираат пар обувки децата на кои тоа најмногу им е потребно. Родителите на Мајкл му купиле пар чевли од Томс компаниајта за Божиќ една година и тогаш генијалното момче започнало да размислува и тој да започне со ваков хумантитарен концепт.
„Знаев дека сакам да работам, но знаев дека не сакам да заработам пари, туку истовремено да им помагам на луѓето.“- вели Мајкл.
Дел од неговите кулинарски ремек-дела може да ги пронајдете на неговиот Инстаграм профил.