13 трикови кои сигурно ќе Ви послужат за време на патувањето
Одморот е најдобриот период од годината. Единствено долгите часови додека патувате до Вашата дестинација можат да Ви го уништат расположението и затоа е потребно да ги знаете овие неколку едноставни трикови.
13. Како набрзина да го напоните мобилниот телефон?
Ако не можете да најдете приклучок и нема место за полнење на вашиот телефон, можете да го користите телевизорот на аеродромот, кафулето или хотелската соба. Поголемиот дел од нив имаат USB приклучоци на задниот панел.
12. Јадете комфорно во автомобилот
Додека јадете во автомобил, тешко е да се најде добро место за да ја ставите храната за да избегнете пролевање и дамки. Ставете ја вашата храна во пластична корпа и вашиот проблем е решен.
11. Пакување на накит
Без разлика колку внимателно го пакуваме нашиот накит, сепак се испреплетува. Постои едно добро решение: ставете ги синџирите помеѓу два слоја на пластична фолија или хартија и свиткајте во форма на цевка.
10. Користете огранизатор за седиште
Организаторите се многу корисни, во нив можете да ги сместите сите ситни работи кои најчесто се расфрлани на задното седиште.
9. Распоредете се соодветно во автомобилот
Поголемиот дел од несреќите се случуваат кога сите во автомобилот спијат, освен возачот. На совозачкото седиште треба да седи „навигаторот“. Навигаторот никогаш не спие. Луѓето на задните седишта треба добро да одморат за да го заменат возачот и навигаторот доколку тоа е можно и потребно.
1 – најважните предмети за возачот (паричник, очила);
2 – најважните предмети за секого (медицинска кутија, документи);
3 – сад за ѓубре;
4 – предмети за забава, детски работи;
5 – храна;
6 – вреќи, јакни;
7 – багаж.
8. Ако го изгубите вашиот багаж
Пред да тргнете на пат, ставете ознака за багаж со вашето име и телефонски број. Ова ќе ви помогне лесно да го вратите Вашиот багаж во случај да залута во погрешна насока.
7. Земете продолжен кабел
Ќе биде корисен на аеродром, кафуле или хотел. Исто така, ќе ги израдувате оние кои имаат потреба да ги наполнат своите уреди.
6. Одржувајте ги држачите за чаши чисти
Ставете силиконски чашки во држачите за чаши. Така подлогата нема да биде лизгава, а автомобилот ќе остане чист дури и ако се истури нешто.
5. Спакувајте се убаво и ефикасно
Направете го вашиот багаж покомпактен. Не земајте големи тегли за креми или шишиња со шампон. Ова е особено важно за оние кои патуваат само со рачен багаж. Купете шишиња за патување, или користете други мали садови.
4. Земете карабинери
Земете нешто што може да се користи како закачалка во внатрешноста на автомобилот. Карабинерите ќе ви заштедат многу простор.
3. Најдете ги најевтините бензински пумпи
Инсталирајте апликација која ви ги покажува најевтините бензински пумпи околу вашата локација.
2. Направете си сопствена забава
Многу авиони и автобуси не се опремени со екрани за седишта. Затоа можете да си направите сопствен екран така што ќе го ставите паметниот телефон во кеса и ќе ја закачите за седиштето.
1. Бесплатна вода
Ова е совет за оние кои сакаат да заштедат пари. Водата чини многу на бензинските пумпи и туристичките атракции. Земете празно шише со себе и полнете го на следниве места:
– Во ресторани
– Во тоалет наменет за деца
– Од чешма, но првин треба да се распрашате дали таа вода е добра за пиење