14 факти за Бутан- Земјата со бесплатно здравство и ниту еден бездомник
Оваа мистериозна и живописна земја, до скоро важеше за една од најизолираните земји во светот, а воедно беше и затворена за туристите до 1974-та година. Но, денес работите значително се промениле!
Кралството Бутан е сместено во Јужна Азија, поточно во источниот дел на Хималаите, меѓу Индија и Кина. Од изолирана земја, денес Бутан прерасна во една од најразвиените земји, а еве неколку факти што истата ја прават уникатно и привлечно место за туристите:
1. Телевизијата и Интернетот беа официјално забранети до 1999-та година
2. Имаат Министерство за среќа и внатрешен мир, формирано во 2008-та година
3. Во Бутан не постојат бездомни лица
4. Имаат бесплатно здравство и секој одлучува дали ќе ја примени современата или традиционална медицина
5. И мажите и жените од Бутан носат традиционална облека
6. Невозможно е да купите тутун таму, бидејќи неговото одгледување и употреба се строго забранети
7. Големо внимание посветуваат на заштита на природната средина и животните. Во 2015-та Бутан постави светски рекорд кога тамошните луѓе посадија 50.000 дрвја за само 1 час.
8. Повеќето луѓе во Бутан се Будисти, при што, религијата ги учи да го почитуваат животинскиот свет, па така вегетеријанството е во голема мера застапено во бутанската кујна
9. Иако кралот на Бутан ги отвори портите за туристите, сепак истите немаат пристап до секој дел од земјата
Доколку сакате да ја посетите цела земја, ќе мора да платите однапред и не е дозволено самостојното шетање без туристички водич.
10. Жените се најпочитувани, а тоа го докажува и традицијата. Целото богатство го наследуваат ќерките, а не синовите
11. Екологијата е најважната и не е дозволен увоз на било какви хемиски производи
12. Според традицијата, забрането е стапувањето во брак со странци, се со цел да се зачува уникатноста на нивната култура
13. Во главниот град на Бутан не постојат семафори и тоа не е никаков проблем, бидејќи знаците ги цртаат рачно
14. Обожаваат сами да си ги декорираат своите домови. Цртаат птици, животни и различни шари на ѕидовите од куќите