14-годишно девојче го дизајнираше фустанот на нејзината сестра по повод матурската вечер, а креацијата е чудесна
Сезоната на матурските вечери е на прагот, а идните матурантки веќе се преокупирани со тоа што ќе носат. Но, една девојка веќе нема потреба да се грижи за тоа, благодарение на нејзината генијална сестра!
Идната матурантка, Микeјла Луис, фустанот за својот голем ден го довери на нејзината помала сестра, Кортни, откако истата изрази желба да ја дизајнира креацијата.
„Сакав да се предизвикам самата себе си за овој голем проект. Сакав да видам како би било кога ќе станам вистинска професионална дизајнерка на фустани.“-изјави Кортни.
Иако ретко кој би се согласил на оваа идеја, сепак Микејла и веруваше на својата сестра, иако Кортни никогаш претходно немаше сошиено ништо.
Во Ноември, минатата година, младата дизајнерка ја направила првата скица за фустанот, а по направените консултации со нејзината сестра, во Февруари, оваа година, започнала и со неговата реализација.
Со помош на нејзината менторка, Сајрита Хербет, пред само малку останато време за матурската вечер, на 22-ри Април, Кортни го комплетираше фустанот.
„На почетокот, процесот на дизајнирање ми беше вистински предизвик. Имаше моменти кога посакував да се откажам и Микејла да си купи готов фустан од продавница. Но, мотивацијата ме натера да продолжам и да го креирам фустанот од соништата за мојата сестра!“-додаде Кортни.
По готовите резултати, идната матурантка беше воодушевена од креацијата.
„Импресионирана сум што мојата мала сестра успеа да создаде оригинален фустан за мене, баш каков што посакував!“– рече Мекејла.