14 неочекувани употреби на солта, за кои најверојатно не знаете, а треба!
Солта е победникот во играта на најкористена домашна состојка, бидејќи нејзината употреба и популарност трае веќе 6000 години и по сите прогнози, тоа нема во скоро време да престане,
Се користи во неверојатно широк ранг на ситуации, од готвење до складирање на секакви видови храна. Нејзината ефиканост е неверојатна, но таа може да се користи за многу повеќе работи, отколку само во готвењето.
Веќе видовме на кои 8 начини може да ја употребите готварската сол, но за денес ви претставуваме дополнителни 13 неочекувани употреби на солта, за кои најверојатно не знаете:
1. Ја обновува бојата на облеката
Едноставно потопете ги вашите алишта во раствор од вода и сол или додадете го истиот во машината за перење. Ќе се изненадите од крајните резултати.
2. Ги освежува и чисти вештачките цвеќиња
Ова е доста изненадувачко. Вештачките цвеќиња се ретко омилени поради прашината што се акумулира на истите, од која се чини дека е невозможно да се ослободиме.
Сè што е потребно да направите е да ги ставите вештачките билки во ќеса или торба и во истата додадете сол. Протресете и веднаш ќе ги добиете вашите цвеќиња чисти и освежени.
3. Брзо ги остранува трагите од кармин на чашите
Нанесете малку сол врз површината каде е дамката од карминот и со благо триење отстранете ја истата.
4. Одличен сопатник на пастата за заби
Солта е одличен додаток кон пастата за заби, бидејќи ефикасно ги остранува дамките и наслагите на забите и ги избелува истите благодарение на нејзините антибактериски својства.
За видливост на резултатите, потребно е одредено време да ја практикувате оваа техника.
5. Тестирајте ја свежината на јајцата и дали сè уште се добри за консумирање
Додадете 2 лажици сол во чаша вода и поставете го јајцето внатре. Доколку потоне, безбедно е да се консумира. Доколку исплива на површината, немојте да го јадете!
6. Третман против првут пред употреба на шампон
Намокрете ја вашата коса и на скалот нанесете сол. Нежно масирајте околу 5 минути, а потоа засилете го треманот со вашиот омилен шампон. Солта не само што ќе ви помогне да се ослободите од првутот, туку и ќе го поттикне растот на косата, воедно правејќи ја блескава.
7. Го спречува формирањето мраз на прозорците од автомобилот
Мразот може да биде исклучително сензитивен проблем во студеното време, но тука е солта да ви помогне во тие ситуации. Едноставно земете парче ткаенина, наполнете го со сол и пребришајте ги прозорците со истото.
8. Го ублажува сувото и воспалено грло
Поради своите антикбактериски својства, солта успешно може да го намали отекувањето, црвенилото и да ја ублажи надразнетоста. Таа ефикасно го смирува воспаленото грло.
Додадете малку сол во чаша вода и направете гаргара во времетраење од 30 секунди до 1 минута. Ќе се изненадите од моќниот ефект на растворот.
9. Ги остранува водените дамки од мебелот
Само нанесете ја солта врз површината каде се наоѓаат дамките и со помош на сунѓер за садови и нежно триење, за секунда дамките ќе исчезнат!
10. Го продолжува животниот век на четката за заби
Овој трик е истовремено многу едноставен и евтин, а се прави на супер лесен начин: Едноставно потопете ја четката во чаша вода, во која претходно сте додале и сол.
11. Ги прави усните значително помеки и помазни
Доколку вашите усни се суви и нивната состојба ве иритира, без грижи, тука е солта да ве спаси и од ваквите непријатни ситуации.
Најлесниот начин да го направите овој трик е да нанесете малку сол на вашата четка за заби и внимателно и нежно да поминете преку површината на усните. По направениот третман, исплакнете ги усните. За неверојатно кратко време, вашите усни ќе бидат обновени.
12. Го подобрува оралното здравје
Како што кажавме претходно, солта има чудесни антибактериски својства и притоа може да биде совршен и евтин начин за спас од многу секојдневни непријатни ситуации и соврешна замена за скапите козметички производи.
Покрај сувото грло, може да го подобри оралното здравје со лекување на надразнети површини и рани внатре во усната празнина, притоа истовремено одржувајќи ја свежината на истата.
13. Направете вашиот аквариум повторно да заблеска
И на рибите им е потребно чисто живеалиште, во кое ќе можат спокојно да пливаат и да го поминуваат своето секојдневие.
Едноставно исчистете го аквариумот со сол, а потоа исплакнете го истиот.