Некои работи што сите ние ги имаме во домот, можат да бидат искористени на бројни начини, односно многу повеќе отколку само за намената за која биле првично дизајнирани.
Токму понекогаш е подобро и да ја заборавиме оригиналната функција на предметот и користејќи ја нашата креативност и имагинација, да си ги олесниме животот на еден брилијантен начин.
Во продолжение следуваат 15 едноставни, практични и генијални начини, како со помош на предметите од секојдневието да го претворите вашиот дом во едно многу практично место:
1. Користете ја вашата преса за кафе за да го исплакнете оризот или било кои други зрнести состојки, за да избегнете излевање
2. Топка направена од алуминиумска фолија е одлична алатка за успешно отстранување на тврдокорните дамки на приборот од нерѓосувачки челик
3. Доколку имате сад за печење со решетка, тогаш тоа е одличен начин за складирање и организирање на капаците од садовите за готвење
4. Искористете една од алките од корнизонот за да ги организирате сите стегачи за коса на едно место
5. Марамчињата за перење алишта, може да ви послужат и за скортување на наелектризираната коса
6. Остатоците од лушпата од јајце е одлично растително ѓубриво, кое воедно ќе ви помогне да се ослободите од штетниците во вашата градина
7. Не ви е потребна посебна и модерна закачалка за вашите слушалки, тука се шарените иглички да ви помогнат
8. Употребете етерично масло од лимон за отстранување на лепливите етикети од предметите, без проблем и без неред
9. Металните капаци од лименките можат да ви послужат во функција на закачалки за рамки
10. Користете леплива лента за да го ефикасно го соберете остатокот од прашина што постојано се насобира во предниот дел од лопатката
11. Доколку немате освежувач на воздухот во вашиот автомобил, без грижи, и за овој проблем од голема помош ќе ви бидат марамчињата за перење алишта
12. За да ја одржите свежината на вашата облека, поставете креди во вашиот плакар
13. Користете обичен миксер за да полесно и побрзо го исечете пилешкото месо на ситни парчиња
14. Решетките кои вооибчаено ги користите за складирање документи или списанија, можат да бидат и одлична алтернатива за дополнителни решетки во вашиот фрижидер
15. Нанесете пченкарно брашно на вашите прозорци, за да се ослободите од здодевните мали мравки