15 корисни употреби на вазелинот
Вазелинот се користи како маст во козметичката индустрија, притоа е основна состојка на сите креми и лосиони за нега на лице и тело. Ви претставуваме 15 начини како во домашни услови да го користите вазелинот, без посебни процедури на обработка:
1. Природено средство за сјај на кожата: Пред да нанесете пудра на лицето, добро би било да нанесете еден тенок слој вазелин, тој ќе ја направи вашата кожа мека и свежа, а на тој начин нема да имате потреба да нанесувате дополнителни средства за сјај и нијансирање на кожата;
2. Задржете ги пријатните мириси на телото: Започнете да нанесувате тенок слој на зглобовите на рацете и вратот, пред да нанесете парфем, на тој начин пријатниот мирис ќе биде подолготраен;
3. За посебен сјај во очите: Кога нанесувате сенка за очи, обидете се однапред да ставите сосема мала трага вазелин, тој ќе доведе до т.н. ефект на влажни очи со природен сјај;
4. За правилна форма на веѓите: Откако ќе завршите со отстранување на влакната на веѓите, нанесете вазелин на една тенка четка или чепкалка и поминете по површината на веѓите, тие ќе добијат правилна форма и облик;
5. За одржување на трепките: Трепките најчесто паѓаат поради притисокот кој се создава при нанесувањето на маскара, па затоа навечер пред легнување добро исчистете ја шминката од лицето и нанесете мала количина вазелин на трепките, ќе ја задржите нивната цврстина и виталност;
6. За отстранување шминка од лицето: Наместо лосион кој дополнително е збогатен со ароми и хемиски елементи, на памучна газа натопете мала количина вазелин и исчистете го лицето, неговата структура е доволно густа и леплива, па тој ќе ги впие сите слоеви шминка, а истовремено ќе ја регенерира кожата;
7. За зголемување на усните: Пред да нанесете кармин или руменило, нанесете вазелин, неговиот сјај визуелно ќе ги направи вашите усни поголеми;
8. За нега на рацете: Наместо соодветна крема за раце, вазелинот е идеален за омекнување на сувата кожа на рацете;
9. За нега на коса: Пред да ја сушите косата со фен, на врвовите нанесете вазелин триејќи ги низ прстите, тој ќе им даде свежина и мекост;
10. Како маска за сува коса: По нанесувањето на шампонот, наместо да користите регенератор, нанесете вазелин во количина од 1 супена лажица, оставете да делува 10-на минути и потоа добро исплакнете ја косата, вашата коса ќе биде мека и влакното ќе ја задржи природната влажност;
11. Како маска за бојадисана коса: Со користење на вазелин наместо регенератор, ќе ја задржите посакуваната боја на косата;
12. За нега на нокти: Пред да нанесете слој на лак за нокти, на страничните кутикули нанесете вазелин, така ќе спречите прелевање на лакот, а истовремено ќе ја омекнете кожата на прстите;
13. За одржување на кожна гардероба: Кожата како посебен материјал за изработка на гардероба, обувки и чанти бара посебна нега, со цел да не испука и да не се оштети одвреме навреме заштитете ја со нанесување на вазелин во тенок слој по целата површина;
14. Ако ви се случи да се заглави патентот: На местото каде е заглавен патентот нанесете вазелин, тој ќе ја подмачка површината и ќе се одглави;
15. За одржување на мебелот во домот: Дрвените и металните површини во вашиот дом можете лесно да ги освежите со нанесување на вазелин на памучна ткаенина, тој ќе им даде сјај и ќе ги заштити од пукнатини и гребнатини.