15 начини на кои мажот до вас ви покажува дека ве сака и дека сте му сè, а вие го испуштате бидејќи чекате да каже со зборови
Дури иако вашиот партнер не ви кажува често дека ве сака, постојат многу други начини на кои тоа можеби го покажува, а вие не забележувате, бидејќи очекувате љубовта да биде искажана со зборови.
Вистинската љубов не се изразува во букети и подароци, ниту пак во зборови. Важни се малите гестови кои покажуваат љубов, почит, приврзаност и давање важност на партнерот.
Доколку посакувате да откриете дали човекот до вас ве сака бескрајно, поставете си ги следните прашања и добро размислете за одговорите:
- Дали ви се јавува да провери како сте, особено во деновите кога не се чувствувате добро?
- Дали со вас прави работи, кои инаку не би ги правел, доколку би бил сам?
- Дали се грижи за вас додека сте болни?
- Сака ли да му се јавите кога ќе пристигнете дома, за да биде сигурен дека сè е во ред?
- Ги откажува ли неговите обврски, кога итно ви е потребна помош?
- Дали се обидува да ве расположи кога имате лош ден?
- Дали се интересира за работите кои вас ве исполнуваат?
- Дали ве сослушува, кога имате потреба да разговарате со некого?
- Дали ве мотивира да ги следите вашите соништа и цели?
- Дали се обидува да ве заштити во разни ситуации?
- Дали памети како го пиете кафето?
- Дали сака неговото слободно време да го поминува со вас?
- Дали ве прашува дали имате јадено и дали ви треба нешто?
- Дали ги памети малите детали од вашите претходни разговори?
- Дали ви покажува дека вашата среќа е важна за него?