15 неверојатни факти за животот во Шведска што сигурно не сте ги знаеле
Шведска е земја на Волво, Икеа, Minecraft и многу други работи што ги сакаме, има бесплатно образование, одличен здравствен систем, чист воздух и недопрена природа. Поради сето ова, многу луѓе избираат да живеат во Шведска. Ви пренесуваме неколку неверојатни факти за оваа земја.
1. Шведска е првата земја во Европската унија по бројот на патенти и инвестира многу во дигиталната технологија. Некои од патентите вклучуваат пронајдок на пејсмејкер, овесно млеко и дубак.
2. Швеѓаните се многу еколошки ориентирани и само 1 процент од ѓубрето се фрла, а дури 52 проценти се користат за производство на енергија и 47 проценти се рециклира. Покрај тоа, компаниите што произведуваат енергија од отпад увезуваат отпад од околните земји!
3. Хиерархијата не е нагласена во оваа земја, политиката на компаниите е сите вработени да се обраќаат меѓусебно по име, па дури и студентите да не им се обраќаат на професорите по звања.
4. Приватниот простор е многу почитуван овде, не обидувајте се да започнете разговор со странец додека, на пример, чекате автобус.
5. Прашањата поврзани со приватниот живот, претходните работни места и семејството се сметаат за крајно непристојни.
6. Наоѓањето стан во Шведска е исклучително тешко, а најтешко е во Стокхолм. Луѓето со години се на списоци на чекање, а цените на недвижностите се астрономски. Единствена утеха е што становите за изнајмување се генерално во добра состојба.
7. Швеѓаните не се љубители на готовина и плаќаат дури и многу мали суми со картички.
8. На масата секогаш има специјален нож за путер направен од дрво и пластика.
9. Чевлите остануваат пред вратата на куќата, а носењето чевли низ станот е крајно непристојно. Затоа секој обрнува внимание на изгледот на своите чорапи.
10. Стандардниот работен ден завршува во 17 часот и после тоа канцелариите се целосно празни. Родителите на мали деца заминуваат порано за да ги земат од градинка и училиште.
11. Една од најважните деловни традиции е таканаречената фика – пауза за кафе со колегите. Непристојно е да пиете кафе сами.
12. Двајцата родители на новороденчиња имаат вкупно 480 дена одмор. Секој родител треба да помине три месеци со детето, а остатокот од одмор може да си го распределат родителите. Да се биде со детето се смета за нормално и пожелно.
13. Просечниот Швеѓанец има 33 дена годишен одмор.
14. Времето за семејството е исклучително важно, поради што Швеѓаните се трудат да работат 6 часа дневно.
15. Пред да му дадете име на детето, името мора да биде одобрено од државна агенција во текот на првите три месеци од животот на детето. Имињата како „Металика“ и „Икеа“ се забранети, за среќа на малите Швеѓани.