Луѓето на Земјата сме бескрајни потрошувачи. Навикнати сме постојано да купуваме и да ги фрламе старите работи кога ќе им се изгуби сјајот или пак им треба мала поправка. Но, истите наместо да ги фрламе, може да ги искористиме на безброј креативни начини.
Еве 15 паметни идеи, кои истовремено зрачат со оригиналност и уникатност, а со кои ќе им дадете втора шанса на старите работи:
1. Претворете ја вашата стара скала во уникатна полица
2. Од старата гума направете нов ѓон за вашите омилени чевли
3. Токите од безбедносните појаси можат да бидат корисни држачи за приврзоците со клучеви
4. Ги пронајдовте старите тенис ракети? Претворете ги во нови стилски огледала
5. Вашата стара дуксерка претворете ја во домашна вреќа- перница за вашиот миленик
6. Пар од стари чизми можат да бидат прекрасни вазни
7. Наместо да собираат прашина на полиците, всушност самите книги можат да бидат полици
8. Искористените конзерви претворете ги во воодушевувачки дом за вашите растенија
9. Искажете ја вашата креативност на празните шишиња!
10. Од стара врата до нова трпезариска маса!
11. Оставете ги вашите пријатели нека се прашуваат како сте ја спасиле старата облека со куркума
12. Направете шармантни свеќи од старите филџани за кафе
13. Празната картонска кутија не е одличен само за складирање на јајца, туку и за вашиот накит!
14. Бојадисајте ги старите столици, пресечете ги на половина и составете екстравагантни полици за вашиот дом
15. Празните пластични садови можат да бидат идеална алтернатива за саксии