15 совети за секојдневието кои се и повеќе од добредојдени!
Во денешно модерно време скоро и да не остана нешто неизмислено. Широкиот спектар од разновидни производи и услуги што се нуди постојано за олеснување на секојдневниот живот ни го прави животот поедноставен, но и не фрустрира кога истите работи ги немаме во близина како на пример, сакаме да одиме на патување, се пакуваме, а ни недостасува организатор за четки за заби, коса и сл. Затоа тука се малите слатки трикови. Тие не само што ни даваат одлични алтернативи кога сме во трка со времето, туку и на многу уникатен начин ни го разубавуваат животот. Во прилог прочитајте за боговите на практичноста:
1. Отстранувањето на стикерите од металните површини е многу полесно отколку што мислите!
За опцијата број еден ќе ви бидат потебни:
- Кредитна картичка
- Ткаенина
- Корозивно средство
Најпрво одлепете ги стикерите најмногу што можете, а остатокот изгребете го користејќи ја кредитната картичка. На парчето ткаенина додадете малку од средството за корозија и нанесете на површината, односно избришајте ја.
За опцијата број два ќе ви бидат потребни:
- Лажица кокосово масло
- Ткаенина
- Лажица сода бикарбона
Измешајте ги кокосовото масло и сода бикарбоната заедно, а потоа со прст нанесете врз остатокот од стикерот, пред крајно да ја пребришете металната површина со такенина.
2. Ако сте ја изгореле тавата, наместо да го изгребете загореното дно, искористете Кока Кола!
Ставете малку Кока Кола колку да го прекриете целото дно и ставете го така на варење. Оставете ја тавата да отседи преку ноќ заедно со нанесената течност, а потоа веќе следното утро само измијте ја.
3. Скршивте чинија? Не грижете се, со само користење на селотејп и топла вода, чинијата ќе биде како нова!
Во поголем пластичен сад ставете млеко доволно за да ја прекрие целата површина, па врз млекото поставете ја залепената чинија. Вака целото ставете го врз средна температура на 1 час. Дозволете и да се олади пред да го отстраните селотејпот.
4. Изедовте пола ќеса со чипс, но немате вистински затворач да ја затворите? Само поиграјте си и направете оригами!
Свиткајте го отворот на ќесата во насока на предниот дел, неколку пати. Потоа свиткајте ги и двата краеви при врвовите и целосно преобратете кон назад, за да биде посигурно. Ако чипсот не испаѓа од кесата кога ќе ја преобратите, тогаш сте направиле одлична работа!
5. Наместо да го оставите кабелот на подот, направете ѕидна уметност со него!
Заштедете на купечките тапети и избегнете хаос на подот со искористување на кабелот за декорирање на домот. Најпрво измерете го, за да знаете на колква површина ќе може да го распостраните, а неговата линија следете ја со молив. Потоа, поставете ја лепливата лента на ѕидот по должината која ја облежавте и ставете малку супер лепак на лентата, па врз лепакот ставете го кабелот. Држете го додека не се исуши. И тоа е тоа, веќе имате вистинска сликовница на ѕидот!
6. Со малку сода бикарбона, оцет и шише, ќе немате потреба од водоинсталатер за вашиот затнат мијалник.
Измешајте ја содата со оцетот и ставете ја направената смеса во шише. Поради хемиската реакција, смесата предизвикува кревање нагоре, па брзо прекријте го отворот на шишето и свртете го надолу, односно отворот од шишето треба да биде насочен кон дупчињата во мијалникот. Се што треба да направите е да почекате и да ја видите магијата! Овој трик не само што функционира, туку и е многу брз во својата ефикасност.
7. Домашно изработена магнетна саксија за вашите растенија
Ќе би биде потребно:
- Пластична саксија
- Цемент
- Пиштол за лепак
- Мангет
- Сирово јајце
- Ѓубриво
- И растение по ваш избор
Залепети ги магнетите на внатрешната страна од саксијата. Потоа, истурете го цементот во истата, а следно поставете го и притиснете го јајцете во цементот, во центарот на пластичната саксија. Оствате така се додека цементот не се стврдне, а потоа скршете го јајцето. Ставете ѓубриво во калапот, на врвот на јајцето и додадете го и растението и вие веќе ќе имате мала урбана градина дома.
8. Од книги што не ги користите направете лебдечка полица за книги
За овој трик ќе ви бидат потребни:
- 2 винкли
- Бормашина
- Молив
- Линијар
- Ѕидни сидра
- 4 завртки
- Шрафцигер
- Неискористени книги
- Украсна хартија да ги покриете книгите за естетика
Напрвавете мали дупчиња на поставените винклите и исто соодветни дупчиња на посакуваното место на ѕидот. Вметнете ги сидрата и придвижете ги шрафовите во насока на направените дупки, откако ќе ги ставите винклите наспроти сидрата. Измерете ја хартијата и проценете како да ја завиткате, откако процесот на завиткување ќе го завршите, поставете ги книгите на зацврстените винкли. Откако ќе поставите уште неколку книги врз почетно поставените, за кратко време ќе видите шармантна лебдечка полица за книги која зрачи со уникатност.
9. Со конец за заби до повеќе слоеви на торта
Сите знаеме дека сечењето на торта на слоеви знае да биде многу незгодна работа. За да добиете совршено пресечен колач, тргнете ги настрана ножевите, бидејќи се што ви треба е само еден конец и чепкалки за заби. Поставете го конецот на половина околу редот направен од чепкалки. Кога конецот конечно ќе биде завиткан околу тортата, вкрстете ги краевите на конецот и секој подеинечно држете го цврсто во рака. Повлечето го секој крај кон другите премини што го распространуваат конецот низ целата торта, потоа извадете ги чепкалките и добијте од една торта, две.
10. Ако сте љубител на чаевите, не ги фрлајте искористените филтер ќеси, ти ќе ви помогнат да се ослободите од штетниците!
11. Не купувајте телефонски звучник, туку направете си еден сами дома!
Што ви е потребно:
- 2 пластични или хартиени чаши
- Ролна тоалетна хартија
- Декоративна лента, доколку внимавате на естетиката
- Нож
- Маркер
Поставете ја ролната во средина на чашите и притоа исечете ги дупките. Ставете го дното на вашиот телефон наспроти ролната. Ако ја користите декоративната лента, замотајте ја околу ролната и отсечете ги краевите. Спуштете ја ролната во во направените дупки во чашите и вметнете го телефонот внатре за да ја зголемите звучноста.
12. На една Барбика никогаш не и е доста од облека! Направете фустан од ракавица!
Исечете 1/3 од показалецот и прстот до малото прсте. Потоа пресечете 2/3 од средниот прст на ракавицата. Свртете ги рацете на куклата и облечете ја со протнување на нејзината глава низ средниот прст, а рацете преку двата претходно исечени прста. Свртете ја и врзете го палецот и целата ракавица заедно и дaдете си аплауз! Штотуку го дизајниравте вашиот прв фустан!
13. Повторно искористете ја веќе користената пластика за да си направите модни аксесоари со вашето име
Ќе ви биде потребно:
- Пластичен склад за храна
- Маркер
- Хартија со вашето име напишано на неа или било кој збор по желба
- Ножици
- Печка
- Метален спреј
- Синџир од ѓердан
- Клешта
Исечето го рамниот дел од пластичниот сад и следете ја линијата на испишаниот збор. Поставете два круга на двата краја од зборот, бидејќи на тоа место самиот синџир ќе го држи целиот ѓердан. Исечете и печете на 177ºC, додека пластиката не се смали. За самото име искористете спреј со метален ефект и кога сето ќе се исуши, прицврстете го златниот ланец на дупките од двата краја на вашето име или зборчето што сте го одбрале.
14. Како совршено да го санирате повредениот прст со ханзапласт во само 2 чекори
За да го задржите на место, на самиот прст, сецнете ги средините и од двете страни на ханзапластот. Потоа поставете го врз повредената површина од кожата и започнете засецнатите краеви да ги преклопувате еден врз друг.
15. Ги надраснавте детските играчки? Наместо да ги фрлате, претворете ги во сад за овошје
Што ќе ви биде потребно
- Печка
- Војник играчка
- Голема чаша
- Сад што може да се вклопи во друга чинија
- Шпорет
- Сребрен спреј доколку сакате да го разубавите на крај делото
Загрејте ја рерната на 148ºC. Војникот- играчка поставете го на дното од поголемата чинија, додека пак помалата поставете ја врз играчките. Може измеѓу да ставите колку сакате играчки. Потоа се пече во рерна додека не се стопи. Ако дното не се стопи добро, откако ќе го извадите од рерната, држете го садот над низок пламен и стопете ги војниците додека не се претворат во зелена маса. Оставете да се исуши чинијата и потоа отстранете ги помалиот и поглемиот сад. Завршете со сребрен спреј, доколку имате во близина.