15 стари фотографии од легендарниот Џани Версаче и неговите супермодели, кои раскажуваат за златната ера во модата
Речиси цели 20 години, легендарниот италијански дизајнер Џани Версаче ја создаваше својата модна империја, која се засноваше на вистинскиот луксуз и гламур.
Неговиот бренд на сцена ги собра едни од најнверојатните супермодели на сите времиња, кои станаа симбол на италијанската модна куќа и кралици на модната писта.
Од Наоми Кемпбел до Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Линда Евангелиста, до Кристи Тарлингтон и младата Кејт Мос, во продолжение ѕирнете каква била атмосферата зад кулисите на неговите култни модни ревии во 90-те години, пред тој да почине во Јули, 1997-та година.