15-те видови на храна кои може да ги консумирате без ограничување и без да се грижите за фигурата
Дури и да сте на диета и да внимавате на вашата фигура, сепак постојат одредени видови на храна во кои може да уживате безгрижно, без да се грижите за калориите и вишокот килограми. Ова се должи на фактот што тие се богати со хранливи влакна, заситуват и се нискокалорични.
Еве кои 15 видови на храна спаѓаат на оваа златна листа, кои секогаш ќе внесат баланс во вашата секојдневна исхрана и кои може секогаш да ги консумирате, дури и да сте на најстрогата диета:
- Пуканки – Приготвени без масло, содржат само 31 калорија.
- Целер – Стеблата на целерот се всушност 95% вода.
- Модар патлиџан – Печен или на скара, модрниот патлиџан содржи само 24 калории.
- Портокали, грејпфрути и мандарини – Богати со витамин Ц, го штитат црниот дроб и кожата.
- Диња – Може да ја консумирате безгрижно цел ден, парче диња содржи 60 калории.
- Тиквички – Порција тиквички содржи 42 калории.
- Краставица – Најдобриот зеленчук за слабеење, кој го спречува задржувањето на вода и ве прави повитки.
- Цвекло – Средна порција цвекло содржи 40 калории и е богато со манган.
- Јајца – Консумирајте варени наместо пржени јајца.
- Ананас – Помага во согорување на масните наслаги и во забрзување на метаболизамот.
- Јаболка – Едно јаболко содржи 50 калории.
- Сливи – Сливите се богати со витамин Ц и калиум и го штитат срцето и крвните садови.
- Марула – Еден лист марула содржи само 3 калории.
- Јагоди – Богати со витамин Ц и го спречуваат задржувањето на вода во организамот.
- Зелка, брокула, карфиол – Порција од овие зеленчуци содржи само 7 калории.