15 видови на храна кои треба да ги консумирате, за да се ослободите од болката во зглобовите
Болката во зглобовите може да настане како резултат на повреда при спортување, а неретко се поврзува и со артритисот.
Доколку страдате од болка во коските или зглобовите, тоа може да предизвика огромна непријатност и неудобност и да го наруши вашето нормално секојдневие.
Иако сè уште не е докажано дека ниту една исхрана ниту пак, диета, може природно да го излечи ваквиот вид на болка, сепак бројни истражувања покажаа дека одредени видови на храна и зачини им се од голема помош на пациентите и делуваат како вистински природни лекови.
Во продолжение открије кои видови на храна треба да ги консумирате, за да се ослободите од болката во зглобовите:
1. Овошја
- Грозје: Содржи процијанидин, кој го намалува воспалението и ја ублажува болката во зглобот
- Цитрусни овошја: Содржат високо количество на витамин Ц, кој го спречува артритисот
- Цреши: Пиењето сок од цреши 3 пати неделно, ја намалува болката во зглобовите
2. Зеленчук
- Спанаќ: Полн со антиоксиданти и содржи каемферол, кој го намалува воспалението и ја спречува појавата на остеоартритис
- Брокула: Содржи сулфорен, кој ја ублажува болката во зглобовите и ги намалува симптомите на ревматичен артритис
- Соја: Богати со протеини и хранливи влакна и омега-3 масни киселини кој ја намалуваат болката
- Црвен грав: Содржи фолна киселина, железо и магнезиум кои го подобруваат имунитетот
3. Зачини
- Шафран или куркума: Содржат кроцин кој има моќни антивоспалителни, антиоксидантни и антипролиферативни својства кои помагаат при артритис
- Ѓумбир: Ја ублажува и значително намалува болката во зглобовите, за дури 70%
- Лук: Моќни антивоспалителни својства кои го намалуваат ризикот од остеоартритис
- Зелен чај: Содржи епигалокатехин-3-галат, кој ја спречува штетата од ревматичен артритис
4. Други видови на храна
- Риба и рибино масло: Содржат високо количество на витамин Д кој ги спречува симптомите на артритис
- Храна со цели зрна: Го содржат реактивниот протеин Ц, кој спречува бројни болести, меѓу кои и артритисот
- Млечни производи со ниска масленост: Содржат калциум и витамин Д, кои ги зајакнуваат коските и го подобруваат имунитетот
- Ореви, ф’стаци и бадеми: Содржат високи количества на калциум, магнезиум, витамин Е и протеин, кои го намалуваат остеоартритисот и болката од ревматичниот артритис