Не можеме да им ги довериме сите тајни дури и на нашите блиски. Повеќето луѓе се срамат да признаат дека имаат проблеми: Депресија, насилни врски, големи долгови или нервни нарушувања. Но, внимателниот пријател, дури и без поттик, може да забележи дека нешто не е во ред со некоја драга личност за него.

Еве како да препознаете дали некоја ваша сакана и блиска личност е во опасност:

Насилна врска

Жената драматично добива тежина или, напротив, губи тежина. Ова може да се случи поради фактот што таа постојано е во стресна ситуација.

Личноста која е во насилна врска може одеднаш да се откаже од работата или нејзиното образование. Значи, партнерот се обидува да ја ограничи слободата на дејствување.

Насилниците сакаат тајно да ги понижуваат своите жртви и честопати тоа го прават под маската на несоодветна шега, а понекогаш тога го прават јавно. На пример, фразата „Ти си мојата дебелка“ можеби не е сосема невина забелешка.

Друг знак е постојана употреба на телефон. На пример, ако една жена излезе на прошетка со своите пријатели и не го испушта телефонот од раце. Веднаш штом ќе пристигне порака, таа веднаш почнува да одговара на неа и откако го пропуштила повикот, станува многу нервозна и веднаш се јавува. Партнерот веројатно ја контролира и од тука поттекнува ваквото нервозно однесување на жената.

Нарушување во исхраната

При нарушувања во исхраната, кожата може да се покрие со бели влакненца кои наликуваат на пена- ова се нарекува лануго. Пената се појавува на рацете, градите, грбот и лицето. Така телото се обидува да ја одржи својата температура кога нема доволно калории за природно загревање.

Личноста ненадејно може да стане пребирлива кога станува збор за изборот на храна. Ова е особено забележливо кај адолесцентите. Ако вашето дете неочекувано одлучи да стане вегетаријанец или да се откаже од својата омилена пица, тогаш обратете повеќе внимание на истоот.

Личноста со нарушување во исхраната можеби нема да избегнува социјални собири во кафуле или ресторан. Но, за време на јадењето, може да забележите дека најчесто не ја јаде храната, туку ја поставува на рабовите од чинијата или често дава дел од храната на тој што седи до неа.  Не е невообичаено најчесто од својата храна да дава на миленичето.

Таквите луѓе, исто така, сакаат да готват и да го прават тоа доброволно, но тие самите, по правило, не јадат.

Депресија

Постои такво нешто како „депресија со насмевка“. Кога некоја личност е во друштво, таа изгледа здраво и среќно, постојано се насмевнува и генерално се однесува како и вообичаено. Можете да разберете дека нешто не е во ред со истата, само ако внимателно ја набљудувате: Прилично е тешко да се одржи присилната среќа, а маската на задоволство може периодично да ја снема од лицето.

Обичните тешкотии предизвикуваат прекумерни емоции кај депресивната личност. Ова е затоа што депресивната личност не живее, туку се обидува да го преживее денот. Колку повеќе проблеми има, дури и мали, таа станува сè повеќе очајна.

Проблеми со концентрацијата и меморијата се чести предизвици кај депресивните луѓе. Едноставно им станува тешко да донесуваат одлуки.

Депресијата влијае на квалитетот на спиењето, а една депресивна личност може да се пожали дека постојано сака да спие, дека не спие ноќе, да спие многу или, напротив, многу малку.

Се појавува бавноста: Темпото на одење се забавува, личноста доцни различни состаноци, тешко ги сработува дадените задачи и слично.

Долгови

Алармантен знак – Кога некој одеднаш ќе започне да користи јавен превоз, иако има свој автомобил. Ова може да означува очаен обид да заштеди на сè што може.

Друго црвено знаме е игнорирање на повиците. И на телефон и на домофон. Ова често се случува кога личноста се плаши дека ја бараат извршителите или луѓето кај кои се задолжила и кои дошле да го наплатат нивниот долг.

Лице со долг честопати живее над своите можности и троши многу пари на работи без кои лесно може да се снајде, како на пример, брендирана облека или лукузни уреди. Најголем ризик постои кај оние луѓе кои неодамна доживеале нешто што може да сериозно да влијае на нивниот буџет. На пример, свадба, раѓање на дете, продолжено боледување или отпуштање од работа.

Ако проблемите со парите достигнале врв, личноста драстично ги менува своите финансиски навики: Ги намалува трошоците или, напротив, ги зголемува.

Луѓето во долгови избегнуваат да зборуваат за пари со било кој, па дури и со непознати луѓе. Штом некој во друштвото ќе започне да зборува за инвестирање или купување стан, личноста која е во долгови веднаш губи интерес за разговор или се обидува да ја промени темата.