16-те рани симптоми на бубрежно заболување, за кои мора да знаете и кои не треба да ги занемарувате
Бубрезите извршуваат множество телесни функции и доколку функционираат правилно, филтрираат околу половина шолја крв на секои 60 секунди. Филтрираната крв го поттикнува прочистувањето на урината и ги елиминира штетните материи.
Покрај тоа бубрезите го негуваат здравјето на коските, произведуваат цревни крвни клетки и хормони, го регулираат крвниот притисок, го балансираат нивото на електролити и го спречуваат наталожувањето на отпадоци и штетни материи во телото.
Бубрезите содржат милион филтрирачки единици, познати како нефрони, кои содржат две филтрирачки компоненти- гломерул и тубул. Гломерулот активно ја филтрира крвта, додека каналот ги транспортира неопходните елементи кон крвта, што истовремено ги елиминира отпадоците.
Најчестите проблеми при бубрезите вклучуваат:
- Бубрежна инфекција: Инфекцијата настанува поради распространувањето на бактериите во мочниот меур.
- Цисти на бубрезите: Тоа се еден вид мали торби исполнети со течност, кои растат на површината или внатре во бубрезите.
- Бубрежен камен: Се образува кога во урината постои необично високо присуство на кристалообразувачки елементи.
16-те скриени и предупредувачки симптоми кои укажуваат на проблем со бубрезите
- Ненадеен умор
- Подуеност на стомакот
- Крв во урината
- Мускулни грчеви
- Зашеметеност
- Проблеми при уринирањето
- Промени во урината, како присуство на пена или промена на бојата
- Метален вкус во устата
- Лош здив
- Гадење и повраќање
- Надразнет стомак
- Оток на лицето и вратот
- Чувство на чешање по стапалата
- Нарушен сон
- Често уринирање
- Слаб апетит
Корисни и едноставни совети како да го одржите здравјето на вашите бубрези и да го намалите ризикот за нивно заболување
- Пијте многу вода
- Одржувате здрава телесна тежина
- Избегнувајте го пушењето цигари
- Избегнувајте или ограничете го користењето на лекарства без лекарска препорака