18 чудни начини да го дознаете полот на бебето
Со современата медицина брзо и лесно можеме да го дознаеме полот на детето. Но, постојат одредени знаци на телото, кои ни овозможуваат сами да го одредиме полот на бебето.
1. Промени на кожата
Речиси сите бремени жени забележуваат некои промени во состојбата на кожата на лицето и телото. Велат дека ако кожата стане мрсна, значи чекате девојче, ако е сува – момче.
2. Акни
За време на бременоста, мозолчињата стануваат уште поболни и отечени. Ова се должи на мрсната кожа.
3. “сјај”
Сигурно сте слушнале да зборуваат за прекрасниот сјај на лицата на бремените жени. Таков “сјај” е својствен само на жени кои се бремени со момчиња!
4. Linea nigra (темна линија на абдоменот)
Тоа е вертикалната линија која минува низ средината на стомакот од папокот до срамната коска. Понекогаш дури преминува папокот. Велат дека ако линијата запира под папокот, треба да очекувате девојче, ако е над папокот – момче.
5. Тест со сода
Звучи чудно, но функционира! Во сад со мокрача додадете две лажици сода бикарбона. Ако почне да врие (како газиран сок) – чекате момче. Точноста на овој тест е 80%!
6. Косата
Ако косата го загуби својот сјај, значи чекате девојче. Ако косата е сјајна и бујна, тоа покажува на бременост со момче.
7. Влакненца по телото
Велат дека ако влакната од телото почнуваат да растат побрзо, значи ќе биде момче.
8. Тежина
Се смета дека ако наталожените килограми се само во пределот на стомакот, значи дека сте бремена со момче, а ако е по целото тело – девојче.
9. Температурата на нозете
Ако забележите дека вашите нозе се постудени од обично, најверојатно сте бремена со момче!
10. Големината на нозете
Еве уште една изненадување! Ако жената очекува момче, големината на нејзините нозе може да се промени.
11. Желба за храна
Велат дека ако Ве привлекуваат слатки нешта, тогаш сте бремена со девојче, но ако ви се јадете солено или кисело – момче.
12. Положбата на стомакот
Ако стомакот е ниско долу – е момче, ако е горе – девојче.
13. Тежината на таткото
Ова сигурно звучи смешно, но велат дека ако за време на бременоста таткото на бебето почнува да се дебелее, тоа значи дека во семејството ќе има девојче!
14. Главоболка
Најчесто од главоболка страдаат жени кои се во очекување на момче.
15. Поза за време на спиењето
Ако спиете на левата страна, тоа значи дека чекате момче, а ако спиете на десната – девојче.
16. Бојата на брадавиците
Обрнете внимание на градите за време на бременоста, бидејќи може да ви кажат многу! На пример, ако брадавиците потемнат, најверојатно чекате момче.
17. Големината на градите
Ако десната града стана поголема од левата, очекувате момче. Ако е обратно – девојче.
18. Тромавост
Ако за време на бременоста, забележите дека сте станале потешка, многу е веројатно да сте бремена со момче.
Сите овие примери не се докажани од лекарите, но станаа очигледни благодарение на коментарите на многу трудници.
А какви се Вашите искуства?