Погледнете ги овие трикови кои ќе Ви заштедат време и се многу ефикасни.
Можете да ги отстраните дамките од кафе и чај од вашите чаши со помош на бел оцет.
Користете валјак да се ослободите од прашината.
Кога ја користите рерната за печење, поставете алуминиумска фолија под решетката. Нема да имате потреба да ги чистите трошките од дното.
Светките можете да ги исчистите со селотејп.
За чистење на блендерот, ставете вода и сјај и вклучете го.
Белиот оцет помешан со детергент за садови, може да ја исчисти речиси секоја дамка.
Можете да ги дезинфицирате сунѓерите во микробранова печка. Навлажнете го сунѓерот со вода, ставете малку бел оцет, ставете во чаша и вклучете ја микробрановата печка за околу 2 минути. Со ова ја чистите и печката.
Ако сакате тушот да светне од чистота, едноставно наполнете едно најлонско ќесе со бел оцет, ставете го околу главата на тушот и прицврстете го со ластик. Оставете го така во текот на ноќта и утрото тушот ќе изгледа како нов.
Користете латекс ракавици или гумен лизгач за прозорци за да го исчистите крзното на домашните миленици од мебелот.
За да ги отстраните дамките од вашиот тепих, ставете влажна крпа и пеглајте.
Ако имате мрсни флеки на алиштата, ставете бебешка пудра и нека стои преку ноќ. Потоа исперете.
За да го исчистите и освежите Вашиот душек, се што ви треба е сода бикарбона и етерични масла по Ваш избор. Ставете неколку капки од маслото во чаша со сода, потоа истурете ја смесата врз душекот, нека стои околу 20 минути, потоа соберете со правосмукалка.
Можете да ги исчистите ролетните со крпа и штипка.
За да ја освежите облеката и мебелот може да користите вотка. Измешајте половина лажичка од Вашето омилено етерично масло со 1/8 чаша вотка и 1 ¾ чаша вода. Потоа испрскајте на облеката и мебелот.
Исчистете го правот од електрониката со помош на филтер за кафе.
Ако сакате алиштата да се исушат побрзо, ставете сува крпа во мокрите алишта во машината.
Ставете неколку таблети од било лек против мамурлак (шумлива таблета) во шолјата и таа ќе биде чиста само по 3 минути. Најмногу!
Ако сакате да ги отстраните старите налепници од колата, користете фен.