2 едноставни начина како брзо да ги отстраниме темни кругови под очите, во домашни услови
Темните кругови под очите се многу честа појава со која се соочуваат милион луѓе, а која најчесто се должи на стресниот начин на живот, кој речиси сите денес го живеат.
Исто така, покрај стресот, неправилниот начин на исхрана, недостатокот од квалитетен сон и прекумерената изложеност на сонце може да бидат дополнителен фактор за појава на оваа непријатна состојба, која го нарушува надворшениот изглед.
Денес ви откриваме како во домашни услови, на 2 многу едноставни начини да му ставите крај на овој естетски проблем.
1. Сок од компири
Сокот од компири содржи неверојатни состојки, кои имаат способност да ја избелат кожата при засегнатите потемнети зони. Потопете 2 памучни туфери во исцедениот сок од компир и поставете ги врз очите. Оставете ги туферите да дејствуваат околу 20 минути и уживајте во извонредниот резултат.
2. Мед и млеко во прав
Може да подготвите маска за лице, со мешање на 1 кафена лажица млеко во прав со 1 кафена лажица мед. Нанесете ја добиената смеса врз темните кругови под вашите очи и оставете ја маската да дејствува 15-20 минути. Ова е еден исклучително лесен и безопасен, а воедно чудесен начин како да го освежите вашето лице.