Многумина не обожаваат да готват ориз, токму поради фактот што оваа состојка многу брзо знае да стане леплива и раскашавена или едноставно на крај, не е доволно сварена.

Денес ви откриваме 2 извонредни трикови благодарение на кои крајниот резултат ќе биде совршено приготвен ориз. Еве кои се тие:

1. Потопете го оризот во вода пред неговото готвење

Неопходно е оризот да се полее со студена вода, така што водата ќе дојде 2 прста над неговото ниво и така да се остави да отстои 1 час. Практикувајќи го овој совет, оризот подготовен на овој начин, за време на готвењето ќе оддели малку нишесте и ќе биде соврешно сварен, без да се лепи и без да ја губи својата форма.

2. Користете повеќе вода

Поставете 2 литри вода да се вари и почекајте ја истата да зоврие. Паралелно со ова, сварете вода во друг сад. Откако водата ќе зоврие, посолете сол и додадете го и оризот.

Варете го оризот, додека да биде готов, а откако ќе забележите дека истиот е сварен, прецедете го, за да ја отстраните водата. Следно, полејте го оризот со врелата вода од вториот сад и оставете го така да отстои 5 минути.

Исипете го оризот во тенџере и додадете малку маслиново масло или путер и добро измешајте ги состојките, притоа оставајќи ги малку време за да отстојат.