2 лесни вежби наменети за мрзеливите луѓе- Со 5 минути дневно до затегнат задник
Затегнатото тело никогаш не излегува од мода, без разлика за која сезона станува збор. А токму следните 5-минутни вежби, наменети за затегнување на задникот, значително ќе ви бидат од голема помош.
Како да ги направите?
Поставете ги нозете на растојание како рамената или малку пошироко. Кренете ги рацете на ниво на градите, за да ја одржите рамнотежата. Свиткајте ги колената и колковите, а воедно држете го задникот кренат како да седите на замислен стол.
Следно, наизменично клекнувајте и исправувајте во времетраење од 1 минута.
Следуваат нападите.
Повторувајте исто така 1 минута.
Страничното преместување на мускулите помага во развивањето на затегнатиот задник. Раширете ги нозете и затегнете ги рацете, како што е прикажано на сликата.
Со нозете така поставени, обидете се да правите длабоки клекнувања, кои ќе ги активираат вашите колкови.