2 мрзеливи вежби кои ќе ви помогнат брзо да ослабнете и да ги отстраните здодевните масни наслаги на стомакот
Доколку практикувате балансиран и здрав начин на исхрана или моментално држите одредена диета, но без видливи резултати, тогаш пробајте ги овие ефикасни вежби, за кои нема да биде потребно многу труд.
Овие вежби се совршени за мрзеливите луѓе, а воедно извонредни, бидејќи и без да мора да вложувате напор, за многу брзо време, ќе ги добиете посакуваните резултати- ослабен стомак без масни наслаги.
1. Мрзеливо странично кревање
Почетна положба: Легнете на подот, на едната страна, притоа поставувајќи ја едната рака под вашата глава, а другата слободно пред вас. Благо свиткајте ги нозете кај колената и приближете ги стапалата, едно до друго.
Започнете да ја кревате едната нога, без воопшто да ја менувате вашата положба.
Повторете 15-20 пати за секоја страна.
2. Нишање
Почетна положба: Седнете на подот, свиткајте ги колената и под истите, поставете ги вашите раце.
Наведнете се кон назад, притоа поставувајќи го грбот под рамената и потоа повторно вратете се во почетната положба.
Повторете 10-15 пати.