2 пати поефикасно од дезодоранс и 10 пати поевтино – Најдоброто домашно средство против испотени пазуви
За жал, колку и да сте женствени и средени, никој не е имун на потењето, а особено во текот на летните денови, оваа појава може да се јави во прекумерено количество, што покрај мирис, создава и непријатност.
Доколку го претпочитате природниот начин за нега на вашата кожа, наместо купечките дезодоранс, ви откриваме рецепт за најдоброто домашно средство кое ја спречува појавата на испотени пазуви и било какви непријатни мириси.
Домашно средство против потење
Потребни состојки
- 1 литар вода
- 30 гр камилица
- 1 кафена лажица сода бикарбона
Начин на подготовка и употреба
Сварете ја водата, а потоа во истата додадете свежа или сува камилица. Следно, отстранете ја врелата вода од оганот и оставете го растворот да се излади. Прецедете го растворот, додадете ја содата и добро измешајте.
Мијте ги пазувите со ефикасниот домашен раствор 2 пати дневно, а истиот може да го складирате во ладилникот, најмногу на 2 недели.