2 супер лесни трикови како безболно да отстраните мастика од коса, без да мора да се стрижете
Доколку некогаш сте се нашле во ситуација мастика да ви се заплетка во косата, тогаш веќе ви е познато екстремното непријатно чувство и болка што следуваат при нејзиното отстранување.
Во екстремни случаи, крајното решение дури е и стрижењето на косата. Но, без грижи, денес ви откриваме 3 супер лесни трикови како да го спречите тоа и мастиката да ја извадите безболно и без да мора да ја стрижете вашата коса.
1. Маслиново масло
Маслиновото масло ќе ви помогне брзо и лесно да ја отстраните мастиката од вашата коса, па дури и може да ја отстрани од облека. Внимателно нанесете масло врз мастиката, почекајте неколку минути, а потоа отстранете ја истата, употребувајќи остар предмет или четка за коса.
Употребете средство за перење за облеката или шампон за косата, за да ги отстраните масните дамки.
2. Вазелин
За ефикасно да ја отстраните мастиката од вашата коса, ќе ви помогне и употребата на вазелин. Едноставно намачкајте ја косата со вазелин, околу лепливата мастика, а исто така, нанесете вазелин и врз четката за коса, со која планирате да ја отстраните мастиката.