2-те најдобри домашни маски кои загарантирано косата ќе ја направат долга, густа и раскошна!
weУбавата и здрава коса е тајната на секоја самоуверена девојка и жена. Со цел, дамите да имаат совршена коса, тие се подготвени да „поместат планини“, па затоа неретко даваат вистинско богатство за фризер.
Со цел да заштедите пари, а да бидете подеднакво задоволни, денес ви откриваме рецепти за 2-те најдобри домашни маски со кои загарантирано ќе добиете долга, густа и раскошна коса, за каква отсекогаш сте сонувале!
1. Кисело млеко + жолчка
Маската со кисело млеко ќе ви помогне значително да го потикнете растот на вашата коса и да ја направите поцврста. Едноставно измешајте 2 жолчки, 1 шолја кисело млеко и 1 супена лажица сенф. Добиена смеса нанесете ја врз корените и целата должина на косата. Оставете ја истата да дејствува 1 час, а потоа измијте ја косата најпрво со чај, а потоа вообичаено со шампон.
2. Мед + квасец
За да ја приготвите втората чудесна маска ќе биде потребно да измешате 1 кафена лажица квасец, 1 супена лажица мед и 1 шолја топло млеко. Едноставно добро измешајте ги сите состојки заедно и оставете ги да отстојат на топло место околу 1 час. Потоа нанесете ја маската врз корените на косата и распоредете по целата нејзина должина. Оставете ја маската да дејствува 1 час, а потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.