2-те најдобри домашни вежби кои ефикасно ја затегнуваат кожата на рацете – Без многу труд до супер резултати
Надвиснатата кожа на рацете е проблем на речиси секоја втора жена. Токму за оваа цел, денес ви ги претставуваме 2-те најдобри домашни вежби, благодарение на кои, без многу труд, ќе имате затегнати раце!
1. Одење на раце
- Почетна положба: Застанете исправено на подот.
- Наведнете се кон напред, допирајќи го подот со раце.
- Потоа со мали „чекори“ само на раце, придвижете се уште кон напред.
- Задржете се во оваа позиција неколку минути, а потоа на истиот начин вратете се во првобитната положба.
2. Притисок на трицепс
- Почетна положба: Потпрете се на колената.
- Лесно поставете ги дланките напред, со растојание колку рамената.
- Затегнувајќи ги стомакот и задникот, спуштете се надолу, а потоа кренете го телото нагоре.
- Направете неколку повторувања.