2-те најдобри подмладувачки домашни маски – Лесно се подготвуваат, а даваат супер моќен ефект!
Најчесто поради нашите секојдневни навики, стресот, лошиот квалитет на сонот или неговиот недостаток, недоволната хидратација, неправилната исхрана, па дури и самата неправилна лична хигиена многу лесно може да доведат до побрзо стареење на нашата кожа.
Губењето на нејзинината еластичност и колаген доведуваат до несакана појава на надвисната кожа, надвиснати очни капаци, општа подуеност, лош тен, а сето тоа изгледа едноставно не толку привлечно. Покрај тоа што лесно може да ја поправите лошата хидратација и лошата исхрана со внесување на промени, денес ви откриваме и рецепт за 2-те најдобри домашни подмладувачки маски, кои даваат ефикасни и моќни резултати!
Бела маска од јајце
Скршете едно јајце и одделете ја белката од жолчката. Добро изматете ја белката, а потоа користејќи памучен туферр, нанесете ја добиената смеса врз вашите очни капаци, внимателно избегнувајќи контакт со очите. Држете ги очите затворени додека маската се исуши. На крај исплакнете ја маската со топла вода.
Маска од компири
Ситно изрендајте 2 средно големи компири. Поставете ја добиената смеса во ладилникот да отстои 10-15 минути. Пред употреба, добро промешајте и нанесете ја на целото лице, особено на областа околу очните капаци. Оставете ја маската да дејствува 15 минути, а потоа измијте го вашето лице со ладна вода.