2 величествени вкусa, 2 раскошни бисквитни торти, за кои не ви е потребно ниту многу време, ниту печење
Речиси и да не постои поомилен десерт од „брзите и лесни“ бисквитни торти. Токму за таа цел, денес ви подготвивме 2 извонредни рецепти од овој вид, чија подготовка нема да ви одземе многу време, а нема да биде потребно ни печење.
1. Бисквитна торта со кондензирано млеко
Потребни состојки
- 150 гр путер
- 180 гр варено кондензирано млеко
- 250 гр бисквити
- Половина чоколадо
Начин на подготовка
Користејќи миксер, измешајте го путерот со кондензираното млеко, до добивање мазна смеса.
Здробете ги бисквитите, притоа да останат мали парчиња, за да тортата при сечењето изгледа попрекрасно.
Измешајте ги сите состојки заедно и поставете ја добиената смеса во сад со подвижно дно. Доколку немате таков посебен сад, поставете ја слатката смеса во тенџере или друг длабок сад, покриен со проѕирна фолија, така што краевите на десертот ќе излегуваат нагоре. Тоа ќе го олесни процесот на вадење на тортата.
Изрендајте ја чоколадата и со истата, декорирајте ја тортата, а потоа складирајте го десертот во ладилникот и оставете го да отстои 1-2 часа.
2. Торта со овесни бисквити
Потребни состојки
- 600 гр кисела павлака со 25% масленост
- 180 гр шеќер во прав
- 2 зрели банани
- 500 гр бисквити со овесни снегулки
- 2 кафени лажици какао
Начин на подготовка
Измешајте ја киселата павлака со шеќерот. Поставете малку од добиената смеса на дното на садот во кој ќе го поставите подоцна десертот. Израмнете и одозгора нанесете ги исечените банани, подеднакво на целата површина. Врз бананите поставете слој од бисквити и додадете уште од кремот. Можете да ги повторите овие чекори, додавајќи уште слоеви од сите состојки, а на крај завршете со кремот.
Складирајте ја тортата во ладилник да отстои неколку часа или уште подобро, во текот на целата ноќ. Следниот ден, декорирајте го десертот со нанесување на какао врз истиот.