2 златни домашни рецепти за челичен имунитет за време на пандемија, од истакната лекарка
Истакната лекарка д-р Људмила Емилова, од Бугарија, е позната по нејзините ефикасни рецепти за здрав живот, кои се златна алтернатива на многуте лекарства.
Сега лекарката ни ги открива нејзините непроценливи совети и домашни лекови за челичен имунитет, кои ќе ни се и повеќе од потребни во моментот на пандемијата.
1. Меден сируп
Потребни состојки
- 2 лимона
- 3 супени лажици домашен пчелин мед
Начин на подготовка и употреба
Исцедете ги лимоните, а кон добиената чаша свеж сок од лимон, додадете 3 супени лажици домашен мед, кој е од голема важност да биде природен. Измешајте ги состојките на водена пареа, со цел смесата да може да стане хомогена.
Во ниту еден случај не треба да дозволите смесата да зоврие, за да не ги загуби медот неговите лековити својства.
Разредете ја готовата смеса со малку вода, доколку ви се чини прегуста и задолжително 30 минути пред вашиот оброк, консумирајте ја во мали голтки.
2. Домашна смеса против кашлица
Потребни состојки
- 2 јајца
- 3 супени лажици шеќер
Начин на подготовка и употреба
Земете 2 јајца и притоа одделете ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките до добивање на бела пена, а потоа кон истата додадете 3 супени лажици шеќер.
При кашлица се консумира по 1 супена лажица од смесата, 2 пати дневно.