За да го вратите и обновите блескавиот изглед на вашите сребрени предмети, потребно е да одделите само неколку минути и да направите неколку едноставни чекори.

Како лесно да го исчистите среброто во домашни услови

Ќе ви биде потребно:

  • Алуминиумска фолија
  • Сода бикарбона
  • Врела вода
  • Шолја

Чекори за чистење на среброто:

1. Поставете ја фолијата во шолјата, притоа потребно е да биде пресвиткана на половина. Следно додадете половина кафена лажица сода бикарбона.

2. Додадете ја врелата вода во шолјата, при што ќе следува реакција на содата, која заедо со алуминиумската фолја го враќа блесокот на среброто и неговата оригинална боја, за само 3 минути, без да ја оштети неговата површина.

3. Поставете го накитот, односно среброто во шолјата со топла вода и сода и оставете да отстои така 3 минути.

По три минути, ќе ги добиете посакуваните резултати!

Исто така, доколку имате повеќе време, може да го оставите среброто да отстои во тегла, потопено во мало количество на спирт. Овој трик ќе придонесе за остранување на сите масни и валкани наслаги од предметот.