25 фотографии кои докажуваат зошто легендарната Грејс Џоунс е една во милион
Од Студио 54 до нејзините 71 години, кои ги наполни пред само неколку денови, да се потсетиме зошто Грејс Џоунс е една од најуникатните легенди што постојат!
Родена во Јамајка, пејачката, супермоделот и актерка, Грејс Џоунс, уште на 18-годишна возраст започнала да работи со големите имиња во модната индустрија, како Ив Сан Лоран. Преселувајќи се од Њујорк во Париз за модните цели, во 60-те години, набрзо Грејс стана модна икона со препознатлив храбар изглед.
Во 70-те доживеа неверојатен успех пливајќи во музичките води, што ја доведе до Студио 54 и стана кралица на диско музиката.
10 години подоцна ја доби својата прва голема филмска улога како Бонд девојка, во „Поглед кон убиство“, глумејќи до Роџер Мур.
Така, Грејс докажа дека може да направи сè, а еве 25 фотографии низ нејзиниот препознатлив, андроген стил со кој таа стана незаменлива модна икона: