На работното место поминувате значителен дел од денот. Многу е важно да се зачува позитивното размислување во канцеларијата, за да не се разочарате во даден момент.
Ние Ви предлагаме 25 трикови кои ќе ви помогнат да си ја зачувате позитивната енергија кога сте во работна средина:
1. Избегнувајте ги луѓето кои ви одземаат од времето
2. Подобрете ги комуникациските вештини.
3. Често правете си кратки паузи, за да го раздвижите телото, пијте многу вода, јадете здраво.
4. Фокусирајте се на конкретната задача во даден момент.
5. Подобрете го начинот на кој го распределувате вашето време.
6. Планирајте го денот.
7. Не врзувајте се со премногу проекти и задачи.
8. Не ветувајте премногу. Во даден момент нема да можете да ги исполните ветувањата.
9. Будете се доволно рано, за да се подготвите за работа, без да мора да брзате.
10. Завршете ги прво приоритетните задачи.
11. Променете го тоа што Ви создава стрес
12. Обидете се да го идентификувате стресот од самиот почеток и да разберете што го предизвикува.
13. Изразете го чувството за хумор.
14. Образувајте се.
15. Одржувајте го работното место организирано и уредно.
16. Избегнувајте ги спонтаните, избезумени реакции.
17. Хранете се со храна која му дава енергија и сила на Вашето тело. Избегнувајте го шеќерот и брзата храна.
18. Наспијте се добро.
19. Разговарајте со колегите и менаџерите, кога не можете да најдете решение.
20. Поделете си ја работата на мали задачи.
21. Отворате или затворате ја вратата на канцеларијата, во зависност од тоа каков ефект барате во моментот.
22. Грижете се за себе.
23. Запомнете – никогаш не можете да контролирате се. Затоа треба да се научите да ги оставате некои работи онакви какви што се.
24. Обидете се да ги идентификувате моментите во кои го губите времето залудно.
25. Ако работната околина навистина Ве прави да се чувствувате лошо и несреќно, размислете каде би се чувствувале посреќно и побарајте нови начини да заработите за живот.