3-5 кг за 1 недела: Еве како да ги консумираме јаболката доколку сакаме да ослабнеме побрзо
Ќе ја започнеме оваа статија со еден златен совет: Доколку имате постојан пријател во слабеењето, тоа се печените јаболка и циметот. Иако не е толку лесно да се откажеме од благото, ова чудесно овошје ќе ви помогне за таа цел.
Печените јаболка треба да бидат вклучени во дневното мени на луѓето кои се соочуваат со дигестивни проблеми, срцеви заболувања и се подразбира, истите се особено корисни за луѓето кои сакаат брзо да ослабнат.
Факт е дека јаболката содржат големо количество на хранливи влакна и пектин, со чија помош брзо и лесно се отстранува вишокот на течност од телото, се намалува отокот и се елиминира лошиот холестерол.
Диета со печени јаболка
Постојат неколку методи на слабеење со печени јаболка: Од т.н „монодиета“ без вклучување на други видови на храна во диетата до поедноставни варијанти.
Консумирањето на исхрана со вакви ограничувања во текот на 1 недела може брзо да доведе до посакуваните резултати, за оние кои сакаат да ослабнат 3 до 5 килограми.
Во продолжение ви откриваме што е потребно да направите за држењето на оваа диета.
Потребно е дневно да се консумираат по 6-7 печени јаболка, по можност со цимет и малку мед. Пијте незасладена вода по 2 литри дневно и притоа избегнувајте ги газираните напитоци.
Доколку ваквата варијанта ја сметате за потешка, тогаш во вашето дневно мени додадете и кисело млеко си ниска масленост. 1 шолја кисело млекон треба да биде за 1 јаболко.
Освен печените јаболка и киселото млеко, во исхраната може да вклучите и урда со ниска масленост и притоа да консумирате по 250 грама дневно.
Вакви прочистувачки недели со јаболковото мени може да практикувате не повеќе од двапати годишно и не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар пред да ја започнете оваа диета.
По само неколку дена од нејзиното практикување, ќе добиете чувство на леснотија при целото тело и притоа значително ќе се подобри вашиот метаболизам, како и тенот на кожата.