3-дневна со компири и кисело млеко, со која без гладување, се губат до 5 кг
Диетата со компири и кисело млеко е многу лесна и едноставна за држење, а притоа истата дава одлични резултати. Се практикува само 3 дена, во текот на кои може да ослабнете до 5 килограми, во зависност од вашата телесна тежина.
За време на диетата се консумираат варени компири и се пие кисело млеко со ниска масленост.
Комбинацијата од нишестето од компирите заедно со млечната киселина овозможуваат внес на минимална дневна доза на калории, а притоа нема да чувствувате глад.
Тврдењата дека компирите дебелеат се сосема погрешни. Тие содржат витамини и минерали, а поради хранливите влакна, тие го забрзуваат метаболизамот и работата на цревата.
100 грама компир содржи само 75 калории, што е всушност помалку од калориите во чаша свежо цеден сок од портокал (90 калории).
Во продолжение прочитајте го деталното мени за предвидените 3 дена.
План на исхрана
Ден 1
Појадок: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко
Ручек: 2 варени компири без сол и 1 шолја кисело млеко
Вечера: 2 шолји кисело млеко
Ден 2
Појадок: 1 шолја кисело млеко
Ручек: 2 варени компири без сол и 1 шолја кисело млеко
Вечера: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко
Ден 3
Појадок: 1 варен компир без сол
Ручек: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко
Вечера: 1 шолја кисело млеко
Диетата можеби е малку монотона, бидејќи само се консумираат компири и кисело млеко, но истовремено е нискокалорична. Не се внесуваат никакви шеќери, а покрај киселото млеко, можете да пиете и обична вода. Диетата бара упорност за тие 3 дена, но крајните резултати ќе ги добиете за кратко време.