3 докажани домашни методи како лесно да го одгледате букетот рози кој ви го подариле
Ви подариле букет рози и вие толку многу го обожавате, што по секоја цена сакате да му го продолжите животот? Доколку одговорот на ова прашање е потврден, тогаш ова е вистинската статија за вас.
Не е неопходно да сте искусен градинар или цвеќар, туку едноставно сè што е потребно да направите е да ги употревите следните 3 докажани домашни методи.
Како да одгледате роза од исечено цвеќе
1. Раствор со квасец
Потребни состојки
- 100 гр квасец
- 1 литар вода
Начин на подготовка
Растворете го квасецот во водата. Потопете околу 1/3 од исечените стебла на розите во овој раствор и оставете ги да отстојат ден и половина. Потоа исплакнете ги истата со топла вода и поставете ги обратно во водата, така што истата ќе достигне ½ од исечените стебла. Додека ги вкоренувате стеблата, од време на време налевајте вода, така што нивото на водата секогаш да биде приближно исто.
2. Вода со мед
Потребни состојки
- 1 кафена лажица мед
- 1 литар вода
Начин на подготовка
Растворете го медот во водата. Потопете околу 1/3 од исечените стебла на розите во добиениот раствор и притоа оставете ги да отстојат 10-12 часа. Потоа преместете ги во сад со вода, така што ќе бидат половина потопени во течноста.
3. Вода со алое вера
Потребни состојки
- 10 капки сок од алое вера
- 1 литар вода
Начин на подготовка
Додадете свежо исцеден сок од алое вера во водата. Потопете ги исечените стебла, при што течноста ќе ја достигне нивната половина. Внимавајте да не опаѓа нивото на водата, односно редовно додавајте свежа вода. По 1 недела и половина, може да додадете уште 5-6 капки свежо исцеден сок од алое. Оваа состојка не само што допринесува за рана појава на корените, туку и ќе го стимулира и зајакне имунолошкиот систем на растението.
Кога розата ќе пушти доволно цврсти корени, тогаш пресадете ја истата во соодветна саксија со земја.