3 докажани методи како да ги исчистите садовите за печење, за неколку секунди, отстранувајќи ги и најтврдокорните масни наслаги
Се сеќавате ли како изгледаа вашите садови за печење, кога ги купивте? Со сигурност биле блескави, прекрасни и мазни. Но, за жал, по долга употреба, тие го губат нивниот совршен изглед.
Наместо веднаш да се откажете и да ги фрлите, денес ви откриваме 2 докажани методи како да го вратите блескавиот изглед на вашите тепсии, така што ефикасно ќе ги отстраните и најтврдите масни наслаги.
Како да исчистите тепсија
Потребни состојки
- 1 супена лажица водороден пероксид т.е хидроген
- 2 кафени лажици сода бикарбона
- Сунѓер
Начин на употреба
Нанесете половина од содата врз валканата површина, а одозгора додадете хидроген. Следно повторно нанесете ја преостанатата сода бикарбона. Оставете смесата да дејствува 1-2 часа.
Потоа со триење, користејќи го сунѓерот, отстранете ги масните наслаги од садот.
Како да исчистите алуминиумски сад
Потребни состојки
- 2 супени лажици вода
- 2 супени лажици дестилиран оцет
- Сад и сунѓер
Начин на употреба
Во еден сад, измешајте ги оцетот и водата. Поставете ја смесата на оган и почекајте да зоврие. Потоа оставете ја да се излади на собна температура. Потопете го сунѓерот во добиената смеса и избришајте го валканиот сад. Потоа садот измијте го со вода и средство за садови и исплакнете со врела вода.
Како да исчистите стаклен сад за печење
Потребни состојки
- 100 гр сода бикарбона
- 1 кафена лажица средство за миење садови
- 1 супена лажица водороден пероксид т.е хидроген
- Жица за садови
Начин на употреба
Измешајте ги сите три состојки заедно, додека да добиете бела паста. Доколку е неопходно, додадете уште од хидрогенот и средството за садови. Добиената смеса додадете ја во валканиот сад, а по 10-15 минути, користејќи жица, исчистете ја неговата површина.