3 домашни третмани за убавина кои ги отстрануваат темните дамки под пазувите, лесно како со гума за бришење
Темните пазуви ретко може да бидат сериозна здравствена причина за загрижување, а честопати се предизвикани поради состојбата на кожата позната како акантоза нигриканци (АН) која ја задебелува и затемнува кожата.
Потемнетата кожа под пазувите неретко може да предизвика чувство на непријатност и луѓето да чувствуваат срам кога би сакале да носат маица или да уживаат еден ден на Сонце покрај плажа, во костим за капење.
Денес ви откриваме 3 неверојатно ефикасни третмани со чија помош многу лесно може да ја осветлите кожата под пазувите, а притоа тремани за кои ќе ви бидат потребни состојки кои веќе ги имате во вашата кујна:
1. Јаболков оцет + сода бикарбона
Што ви e потребно:
- 2 лажици јаболков оцет
- 2 лажици сода бикарбона
Што треба да направите: Измешајте го јаболковиот оцет со сода бикарбона. Кога ќе се појават потребните меурчиња, нанесете го растворот на потемнетата површина и оставете ја смесата да се исуши. Оставете да остане уште неколку минути, а потоа исплакнете со ладна вода
Колку често: Секој втор ден (3 пати неделно)
2. Кафеав шеќер + маслиново масло
Што ви e потребно:
- 3 лажици кафеав шеќер
- 2 лажици девственото маслиново масло
Што треба да направите: Добро измешајте ги состојките. Добиената смеса нанесете ја под пазувите и со кружни движења нанесете го пилингот на целата површина. По 5 минути исчистете ја кожата користејќи млака вода и користете мека крпа за да ги исушите пазувите.
Колку често: Двапати неделно
3. Компир
Што ви e потребно:
- Еден мал компир
Што треба да направите: Излупете го и изрендајте го компирот. Исцедете го компирот за да го извадите сокот од истиот. Нанесете го тој сок под вашите пазуви. Оставете го 15 минути и потоа исплакнете со употреба на ладна вода.
Колку често: Двапати на ден: еднаш наутро и еднаш пред спиење ноќе