3 едноставни и природни начини да ја бојадисате Вашата коса
Секогаш е задоволство да се погледнете во огледало и да видите како Вашата коса има здрав и природен сјај. Но за жал не е секогаш така, користиме голем број на производи кои што и наштетуваат на косата. Бојадисувањето е едно од нив, но сега можете да ја смените бојата на Вашата коса и да ја освежите природната со помош на овие рецепти.
За кафеава коса
Оние кои имаат кафеава коса и сакаат да и дадат нов сјај и длабочина на бојата можат тоа да го сторат со помош на мешавина од жалфија и рузмарин.
Што ќе Ви биде потребно:
-Жалфија (сушена) – 4-6 супени лажици
-Рузмарин – 1-2 супени лажици
Точната количина зависи од должината на косата и посакуваниот ефект.
Процес на бојадисување:
Додадете ги сите состојки во врела вода. Нека врие на тивок оган 4 минути. Потоа оставете ја мешавината да отстои еден час. Плакнете ја косата со мешавината неколку пати, повторувајте ја постапката додека не го добиете саканиот резултат.
Нијанси:
За потемна боја додадете црн чај. Златен сјај може да се добие доколку рузмаринот го замените со камилица. Прекрасните кафеави нијанси бараат листови од липа и гранчиња, додека подлабоките кафеави тонови може да се постигнат со ореви.
За црна коса
Кафето може да даде прекрасни темни кадрици интересна чоколадна кафеава нијанса, додека кофеинот и корисните минерали ќе ја направат косата посилна и посјајна.
Што ќе Ви биде потребно:
-Мелено кафе – 2-3 лажици
-Балсам за коса- 5-8 милилитри
Точната количина зависи од должината на косата и посакуваниот ефект.
Процес на бојадисување:
Направете силна чаша кафе, нека се вари, а потоа ставете ја во фрижидер. Измешајте го кафето со балсамот за коса. Нанесете ја смесата на сува коса и оставете да отстои еден час. Потоа измијте со шампон.
Нијанси:
Времетраењето на процесот на боење влијае на интензитетот на бојата. За да постигнете волшебни бургунди нијанси, можете да додадете какао, кантарион или капини. За да ја задржите длабоката темна боја, употребувајте лушпа од смрека.
За руса коса
Доколку сакате да го сочувате сјајот на убавата руса коса, не користете вештачки осветлувачи, постои и природен начин.
Што ќе Ви биде потребно:
-Камилица – 2-4 лажици
-Мед – 3 супени лажици
-Лимони -половина или цел
Точната количина зависи од должината на косата и посакуваниот ефект.
Процес на бојадисување:
Ставете ја камилицата во врела вода и оставете ја да врие околу половина час. Додадете мед и сок од лимон, добро промешајте и нанесете ја долж должината на косата. Ставете кеса на вашата коса, завиткајте ја главата во крпа и оставете половина час. Измијте со топла вода, користејќи балсам со масла.
Нијанси:
Ако сакате да ја направите вашата коса што е можно посветла, додадете цимет и ѓумбир во мешавината.