Алергиите се честа појава во пролетните и летните денови. Ова се неколку едноставни начини на кои што можете да ги ублажите или пак целосно да се ослободите од нив.

Зелен лимон

Земете половина зелен лимон исцедете го во чаша млака вода и ставете една мала лажичка мед. Ова е одличен лек против алергии. Консумирајте еднаш дневно, секое утро во период од неколку месеци. Овој лек исто така ќе го прочисти и Вашето тело од токсини. Нормално доколку сте алергични на ваков вид на овошје, не смеете да го консумирате.

Рицинусово масло

Потребни се само 5 капки од оваа масло во половина шолја сок од било кое овошје, или пак може и само вода и оваа напивка да се консумира секое утро на празен стомак. Овој лек е и превентивен, за да се заштитите од било каков вид на алергија.

Банани

Една или две банани дневно се одлично решение за луѓето кои имаат алергија од некој вид на храна, често ги чеша кожата, имаат асма или проблеми со дигестијата. Оваа овошје е корисно, но може да предизвика алергиска реакција кај почувствителните лица.