3 експресни домашни методи за згуснување и забрзување на растот на косата, без да давате пари за фризер
Секоја жена мечтае за густа и блескава коса. Но, се случува со текот на времето, косата да започне да расте побавно или од секојдневниот стрес, да започне да опаѓа.
Токму затоа, за денес ви ги претставуваме 3-те најефикасни домашни методи благодарение на кои ќе го вратите сјајот на вашата коса, правејќи ја повторно густа и волуменозна.
Метод бр. 1: Коњак + јајца+ зејтин
Измешајте мала чаша коњак (30-35 мл) со 2 јајца и мало количество на зејтин. Добиената смеса нанесете ја врз вашата коса и оставете ја да дејствува 1 час, а потоа исплакнете на вообичаениот начин.
Метод бр. 2: Сок од лимон + сок од кромид + жолчка + масло од чичок
Исцедете сок од 1 цел лимон. Кон истиот, додадете 1 кафена лажица масло од чичок, 1 жолчка и сок од половина главица кромид. Смесата треба да се затопли на водена пареа. Следно, нанесете ја истата на вашата коса и потоа завиткајте во најлонска ќеса. Остваете ја смесата да дејствува 60 минути, а потоа исплакнете.
Метод бр. 3: Сенф во прав + жолчка + шеќер + масло од чичок
Измешајте 2 супени лажици сенф во прав со 2 супени лажици врела вода, 1 жолчка, 2 супени лажици масло од чичок и 2 кафени лажици шеќер. Нанесете ја добиената смеса врз корените и по целата должина на косата. Соберете ја вашата коса и завиткајте ја во најлонска ќеса или капа за туширање. Задржете така околу 60 минути, а потоа измијте ја вашата коса.