3-годишно девојче исчезнало во област со којоти поради несовесноста на нејзиниот татко
Шерин Метјус од Тексас исчезнала со сабота, откако нејзиниот татко ја оставил сама надвор затоа што не сакала да си го испие млекото. Таткото, Весли Метјус му кажал на девојчето дека како казна затоа што не си го испила млекото мора да стои до едно големо дрво. Оттогаш девојчето не е видено.
Кога Весли повикал полиција тој самиот им признал на полицајците дека бил свесен дека таа област е полна со којоти. Полицијата ја повикал дури 5 часа откако исчезнало девојчето, иако тој тврди дека ја оставил сама покрај дрвото 15 минути и потоа забележал дека повеќе не стои таму.
Според полицијата малата Шерин имала пречки во развојот и проблеми со вербална комуникација. Весли Метјус бил обвинет за напуштање или загрозување на детето, а во недела бил однесен пред суд за загрозување на детето и одредена му е кауција од 250.000 долари. Полицијата со помош на кучиња се уште го бара девојчето.