3 лесни и неверојатно моќни начини како да добиете здрава, блескава и густа коса која расте брзо
Денес ви откриваме неколку неверојатно едноставни, а супер моќни и ефикасни домашни рецепти за маски и лекови, кои со сигурност ќе ја направат вашата коса значително поздрава, блескава и густа, а притоа ќе придонесат за нејзината стимулација, со што веќе ќе немате проблем со нејзиното растење.
1. Маска од авокадо за богато потхранување на косата
Овој егозтичен плод е совршено одличен не само за вкусната мексиканска кујна, туку и за домашна нега и убавина на вашата коса.
Потребни состојки
- 1 авокадо
- 1 кафена лажица зејтин
- 1 кафена лажица мед
- 1 јајце
Начин на подготовка и употреба
Во соодветен сад, добро измешајте ги сите состојки заедно, а потоа добиената маска нанесете ја подеднакво на целата коса, од корените до врвовите. Оставете ја маската да дејствува 20 минути, а измијте ја косата со топла вода.
2. Маска од кокосово масло за брз раст на косата
Кокосовото масло, како и јајцата, се најдобрите состојки кога станува збор за стимилирање на фоликулите на влакната да растат побрзо.
Потребни состојки
- 2 јајца
- 4 супени лажици чичково масло
- 2 супени лажици кокосово масло
Начин на подготовка и употреба
За да ги постигнете најдобрите резултати од оваа домашна маска, добиената смеса откако ќе ги измешате сите состојки заедно нанесувајте ја еднаш неделно. Оставете ја маската да дејствува не повеќе од 30 минути, а потоа исплакнете ја косата на вообичаениот начин.
3. Маска од аспирин за цврста и блескава коса
Можеби звучи необично, но аспиринот има многу поширока примена од неговата првична и очигледна намена. Благодарение на салицилната киселина шт0 ја содржи има неверојтно моќен ефект врз косата т.е ја прави супер цврста и блескава.
Потребни состојки
- 3-4 таблети аспирин
- Шампон по ваш избор
Начин на подготовка и употреба
Целиот процес е многу едноставен: Истолчете ги таблетите и измешајте ги во шампонот. Потоа нанесете ја смесата на косата и оставете ја да дејствува неколку минути. Повторете го чекорот по втор пат, а на крај измијте ја косата на вообичаениот начин.