Многу навики се промениле во готвењето, со текот на времето, но искуствата од претходните генерации ни помагаат полесно да се справиме со грешките и да ги направиме јадењата уште повкусни.

Доколку уживате во готвењето и речиси секогаш се обидувате да постигнете совршенството во истото, тогаш следните 4 кулинарски трикови ќе ви помогнат да успеете во целта и притоа да ги надминете дури и професионалните готвачи!

Станува збор за 3-те најчести грешки што секој од нас ги прави и кое е соодветното решение на истите.

Грешка бр. 1: Не ги плакнете тестенините

Дури неопходно е да ги исплакнете оние тестенини кои не планирате веднаш да ги сервирате на масата. Се подразбира, истите не треба долго да ги оставате под студената вода, туку едноставно да ги изладите. Со сервирањето на тестенините веднаш по нивното приготвување во чинија, ризикувате истите под влијание на нивната сопствена температура да се преварат.

Грешка бр. 2: Го избегнувате додавањето на шеќер во солените јадења

Шеќерот не полош во подобрувањето на вкусот од солта. Токму како што слатките рецепти се повкусни кога се посолени, така и солените јадењата ќе имаат побогат вкус кога ќе им се додаде малку шеќер.

Грешка бр. 3: Го обликувате месото со чук, без употреба на најлонска фолија

Пред да го обликувате месото со специјален чук за оваа намена, не заборавајте да ја покриете работната површина со најлонска фолија. На овој начин, ситните парчиња место нема да се заглават во порите на дрвениот елемент или околните предмети.