3 лесни методи како едноставно да ги активирате хормоните за слабеење
Процесот на слабеење се одвива на различен начин, во зависност од здравјето и способноста на нашето тело, а хормонскиот дисбаланс е најчесто причината за проблемите со телесната тежина.
Постојат 3 лесни методи кои може да ги практикувајте, за да ги активирате хормоните одговорни за слабеењето, притоа воедно и активирајќи го метаболизамот.
1. Елиминирајте ги сите видови на шеќери
Најважното кое треба да го имате во предвид кога се обидувате да се ослободите од вишокот килограми, е да го отстраните негативното влијание на јаглехидратите, што лесно може да ве доведе до реализирање на вашата посакувана цел.
Доколку сакате да ги активирате хормоните за слабеење, потребно е да го намалите количеството на јаглехидрати во вашата дневна исхрана, бидејќи тие на телото му даваат брза енергија, која телото ја користи, наместо по правило, да ги согорува изворите на масти.
Воедно, неопходно е да ги замените газираните пијалоци со природни и хранливи напитоци.
2. Консумирајте моркови
Хормонот лептин е неопходен за регулирање на апетитот. Доколу истиот не функционира правилно, личноста може почесто да чувствува глад во различно време. Постои едно природно решение за овој проблем, а тоа е консумирањето на моркови. Морковите се моќен извор на каротеноиди, кои содржат антиоксиданти, што ја придонесуваат за значително подобра реакција на мозокот на овој хормон.
3. Практикувајте лесни вежби
Додавањето на лесна физичка активност во вашето секојдневие дополнително ќе ви помогне да го забрзате процесот на согорување на масните наслаги. Дури и едноставно доволни ќе ви бидат 30 минути на практикување лесни вежби, кои ќе допринесат за активирање и зајакнување на мускулите, што пак ќе го забрза вашиот метаболизам. На овој начин, ќе го активирате и хормонот окситоцин, поврзан со чувството на задоволство.