3 лесни начини како да додадете максимален волумен на вашата коса, користејќи фен
Создавањето на волуменозна фризура понекогаш на дамите им се чини еднакво на невозможна мисија, бидејќи изгледа како да е потребен голем труд. Но, овој процес всушност може да биде многу едноставен, доколку следите неколку правила.
Најчестиот начин за создавање волумен на косата е со употребата на фен.
Основни правила за сушењето со фен, кои треба да ги следиме
Растојанието меѓу фенот и косата треба да изнесува најмалку 15 цм, најдобро 20 цм. Така топлиот проток на воздухот ќе ја исуши косата, но без истата да ја оштетува.
Косата не треба да се суши веднаш по нејзиното миење. Треба најпрво да ја оставите малку сама природно да се исуши, 15-20 минути.
Користете ги специјалите додатоци за фенот: Дифузер и концентратор. Тие ќе ви помогнат да се насочи воздушниот проток кон посакуваната област за создавање на волуменот, без да ја нарушува целата коса.
1. Волумен на корените
- Подгответе ја вашата коса, употребувајќи четка за коса си фини запци.
- За да го спречите заплеткувањето на влакната, најпрво нежно исушете ја косата по целата нејзина должина.
- Наведнете ја главата кон надолу и продолжете да ја сушите косата поблизу до корените, притоа употребувајќи тркалезна четка за коса со соодветен дијаметар или дифузер, создавајќи волумен.
- Кога косата при корените ќе го добие потребниот обем, зацврстете го истиот со лак за коса.
- Доколку посакувате да создадетете впечатлив максимален волумен, тогаш пред да нанесете лак, тапирајте ги корените.
2. Обликување на кадрава коса со фен
- Кадравата коса е доста обемна по структура, при што за истата не е потребно специјално обликување. Сепак и покрај тоа, локните треба да стојат уредно, за што ќе ви помогне фенот.
- Кадравата коса никогаш не треба да се трие со крпа. Таа само треба да се завитка во крпа и така да се остави, за да природно се впие влагата.
- Вториот чекор е да нанесете соодветна крема за коса, наменета за локни.
- Користете дифузер- тој ќе им дозволи на локните да добијат прекрасна форма.
- Доколку е неопходно, готвата фризура зацврстете ја со лак за коса.
3. Волумен за кратка коса
- Лесно исушете ја косата со највисоката брзина и максимална температура.
- Косата треба да биде разделена на одделни зони: Задна, странична и горна.
- Користете фен со умерена температура, на почетокот на обликувањето. Под влијанието на топлиот возудх, четкајте ја косата во различни насоки, употребувајќи соодветна четка. Добро обликувајте ги сите зони поединечно.
- За зацврстување на волуменозната фризуа, може да употребите пена или спреј за коса.