3 најлесни начини да проверите дали пилешкото месо од маркет е расипано или сè уште е добро за консумирање
Пилешкото месо е еден од најомилените и најупотребуваните кулинарски производи. Покрај тоа што е неверојатно вкусно, пилешкото месо е и многу здраво и корисно за луѓето кои се обидуваат да ослабнат.
Но, дали ви се има случено да купите пилешко месо од маркет, кое малку мириса или на допир е лепливо?
Денес ви откривме 3-најлесни начини како да проверите дали пилешкото месо е расипано:
1. Рок на траење
Да, ова е најлогичниот начин. Во случај да се сомневате дека постои некаков проблем со пилешкото месо, прво нешто што треба да направите е да го проверите рокот на траење, втиснат на амбалажата.
2. Сетилата
Проверете го месото со вашите очи и носот пред да започнете да го готвите. Допирнете го со прсти. Доколку е доста суво, тогаш најверојатно не е добро за консумирање. Свежото пилешко месо треба да е еластично. Доколку месото има остар и непријатен мирис, тогаш е расипано и доколку сивите и сини дамки, како и лепливата текстура се индикатор дека месото не е добро за консумирање.
3. Приготвено пилешко месо во јадење
Доколку пилешкото месо веќе неколку дена стои приготвено во вашиот ладилник и се прашувате дали е добро за консумирање, тогаш најпрво треба да ја проверите бојата на истото. Доколку местото не е бело, туку добило сива, сина или зелена боја, тогаш никако не треба да го јадете. Важно е да запаметите дека бојата и текстурата се главни индикатори за неговата состојба.