3 практични и лесни совети како да го зачувате обликот на вашата монтка по нејзиното перење и да го спречите стуткувањето
Монтките се можеби едно од најомилените парчиња облека на повеќето луѓе во зимскиот период- Тие се топли, удобни, меки и пријатни за носење, а одредени модели се и навистина елегантни.
Но, како и секоја облека, па така и на монтките им е потребно редовно одржување и чистење.
Денес ви откриваме неколку едноставни совети како да го зачувате обликот на вашата монтка по нејзиното перење.
1. Студена вода
Најчесто различните детергенти и средства кои ги користиме при перењето на облеката во машината, имаат способност да навлезат во материјалот на облеката, што ги прави посложени за плакнење.
Затоа, при перењето на монтката, потребно е истата неколку пати да ја исплакнете во студена вода, а потоа темелно да ја исцедите со триење.
2. Оставете ги законите на физиката да дејствуваат
Доколку сте ја испрале монтката во текот на зимскиот период, изнесете ја надвор на балкон, да замрзне целосно. Потоа, со нејзино свиткување и движење материјалот ќе се опушти и ќе се спречи идното стуткување.
3. Сушење со фен
Правилното сушење на монтката може да го постигнете и доколку по нејзиното перење да ја закачите во бањата и употребите фен, притоа фенот да биде вклучен на максимална моќност. Држете го фенот на одредено растојание, за да не го оштетите материјалот.